Откриен првичниот распоред за Ф1 2013
По долги шпекулации за намалување на бројот на трките како и одбирање на датумите за трките, одлучено е сезоната 2013 во Ф1 да започне со трката во Австралија на 17 март, а да заврши со Бразил на 24 ноември и вкупно да брои 20 трки.

Без поголеми изненадувања, распоредот на трките како и нивниот број е истиот кој Берни Екилстон првично го изјави уште на Големата награда на Унгарија оваа година.
Поголема промена е онаа кој тој ја напомена дека трката во Валенсија ќе биде заменета со трката во Њу Џерси.
Британското Гран При е поместено за една недела порано од вообичаеното па така ќе се вози на 30 јуни со што ќе се добие доста долг „летен одмор“ од завршувањето на трката во Унгарија на 28 јули сè до трката во Белгија на 1 септември.
Сепак, распоредот не е комплетиран бидејќи сè уште се финализираат договорите за трките во Њу Џерси, Сингапур и Кореа. Откако целосно ќе се комплетира, распоредот ќе биде предаден за одобрување од страна на одборот на ФИА на состанок закажан за 28 септември.
