Ќе го препознаете Роналдињо со нова насмевка и совршени заби?

ronaldinjo-so-nova-nasmevka-i-sovrsheni-zabi-01

Бразилската легенда Роналдињо, покрај одличната игра, својата кариера ја прослави и со многубројните дриблинг-трикови, слободни удари, но исто така стана познат и по неговата специфична насмевка.

Прославен бил на многу начини. Од комични цртани ликови до карикатури и разни шеги со неговиот лик.

Неговите вилици беа толку уникатно истакнати, колку што тој е уникатно креативен со топката. Без разлика што било кажано или напишано, тоа никогаш не го навредувало Роналдињо.

Тој секогаш продолжувал да се смее, да победува и да воодушевува со неговите исклучителни вештини.

ronaldinjo-so-nova-nasmevka-i-sovrsheni-zabi-1

Дури сега, на 33-годишна возраст,тој изненадно одлучи да потроши 50 илјади евра и да си добие нова блескава насмевка.

Според „Глобо“, братот и агент на Роналдињо, потврдил дека победникот на Копа Либертадорес направил мала операција на неговите непца и ставил порцелански вилици.

Овој новитет, тој го прославил со одлично додавање за гол и победа од 2:0 за неговиот тим.

Би можело да ве интересира:

Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ... По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Се исцрпува до повраќање, многу операции: Мрачната страна позади скијачката кариера на Линдзи Вон Листата на нејзини повреди е огромна, од скршеници до скинати лигаменти и повред...
Новак Ѓоковиќ ја освои 101-та титула во кариерата - Победи во Атина и стана најстар победник на АТП ... Новаќ Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека долго време откако ќе се пензионира, ниеден...
Ги негираа гласините за неверство, па прославија влез на Аргентина во финале - Како сопругата на Мес... На Светското првенство во Катар во 2022 првпат почнаа гласини за љубовната афера...
Македонското знаме повторно ќе се вее на врвот: Европскиот шампион Петар Мијалков ги стартуваше подг... По блескавата 2025 година во која го покори Стариот Континент и стана апсолутен ...
Жените „полудеа“ по згодниот голман на Нигерија - Што знаеме за Мадука Окоје? Иако мами воздишки со изгледот, неговата професионална кариера е полна со контро...

Најчитани неделава