Започнуваат полуфиналните и финалните фудбалски натпревари во детската лига

Фудбалската федерација на Македонија продолжува со активностите кои имаат за цел промоција на фудбалот меѓу најмладата популација.

zapocnuvaat-polufinalnite-i-finalnite-fudbalski-natprevari-vo-detskata-liga-01

Во текот на денешниот ден и во петок на терените во комплексот „Куќа на фудбалот“ ќе се одржи финалниот турнир од ФФМ - Детски лиги за сезоната 2013 / 2014-та. На настанот поддржан од ШПАРКАСЕ и РУДИНЕ ќе учествуваат 56 екипи поделени во седум возрасни категории.

Освен забавниот, рекреативниот, едукативниот и воспитниот, активностите имаат натпреварувачки карактер. На денот на отворањето ќе се одиграат елиминациските натпревари.

Наградите и признанијата за најдобрите ќе се доделат в петок кога ќе се одиграат финалните и натпреварите за трето место.

„Во текот на своето растење и созревање на децата им се потребни вистински вредности, а фудбалот е екипен спорт и им помага на најмладите да сфатат дека дисциплината, почитта, колективниот дух и фер-плејот се важни не само во играта, туку и во животот. Мораме да ги почитуваме и негуваме вредностите на спортскиот дух и неуморно да делуваме на негово зачувување. Ги покануваме сите фудбалски љубители да ни се придружат во одбележувањето на финалните натпревари од детската лига на ФФМ“, истакна Илчо Ѓорѓиоски, Претседател на ФФМ.

Би можело да ве интересира:

Се запознале како тинејџери, имаат 4 сина - Љубовната приказна на Зинедин Зидан и сопругата е како б... „На 6 февруари ја запознав мојата сопруга во Кан, врнеше снег. Го изгубив часовн...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...
Сопругата на Диого Жота, кој почина 2 недели по свадбата, се појави во бело на „Златна топка“ – храб... Таа на црвениот тепих зачекори во долга тоалета во бела боја, елегантна, каква ш...
Топ 10 најзгодни спортистки на Зимските олимписки игри 2026 На врвот убедливо е најзгодната лизгачка Јута Лердам, но тука е и скијачката Ејл...
„Ме силуваа 2 недели пред да освојам злато во Пекинг“ - Параолимпијка откри зошто се парализирала пр... „Однадвор бев успешна спортистка која освојува сè што може да се замисли, но збо...
Линдзи Вон се огласи по страшниот пад на Олимпијадата: „Сонував, паднав, не се каам за ништо“ „Бев преблиску до линијата кога десната рака ми се закачи на внатрешноста од вра...

Најчитани неделава