Лажниот Роналдињо на колена пред Меси (видео)

За време на вчерашниот отворен тренинг на репрезентацијата на Аргентина во Бразил присуствувале многу фудбалски фанови. Додека фудбалерите го одржувале редовниот тренинг трчајќи по теренот, обезбедувањето се мачело со публиката.

ronaldinjo-na-kolena-pred-mesi-video-01

Повеќето биле дојдени за да ја видат најголемата фудбалска ѕвезда и најскапиот фудбалер на ова првенство, Лионел Меси.

Покрај многуте присутни фанови и новинари, кои сакале да се доближат поблиску до теренот, присутен бил и двојникот на Роналдињо, кој ја искористил својата предност полесно да се протне низ обезбедувањето.

Тој истрчал на теренот и стигнал до Меси за да се поздрави. Лионел се фатил на мамката и зачуден, се насмеал и му рекол дека немало потреба да трча за да се поздрави со него.

Во тој момент Роналдињо (Робинсон Оливеира) клекнал пред него и се поклонил. Тогаш веќе сите сфатиле дека не е вистинскиот фудбалер, па обезбедувањето побрзало да го извади од теренот.

Сепак, тој се радува на средбата и објаснува дека тоа било единствената шанса да дојде толку блиску до Меси.

Но, на прашањето кој му е поомилен фудбалер го одбрал својот идол Роналдињо.

Погледнете како „Роналдињо“ му се поклонува на Меси:

Би можело да ве интересира:

Мајка му го родила на 16, татко му собирал ѓубре од улица за да преживее - Што знаеме за Ламин Јамал... Пред да се роди Јамал, татко му работел секаква физичка работа, а собирал и ѓубр...
Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Михаел Шумахер веќе не е врзан за кревет - Што знаеме за неговото здравје 12 години по несреќата? Светскиот шампион во формула 1, Михаел Шумахер (57), на 29 декември 2013 година ...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...
Се исцрпува до повраќање, многу операции: Мрачната страна позади скијачката кариера на Линдзи Вон Листата на нејзини повреди е огромна, од скршеници до скинати лигаменти и повред...
Обвинувања за украден дечко, јавни навреди - Како Серена Вилијамс и Марија Шарапова од ривалки стана... Пред само неколку дена руската тенисерка Марија Шарапова влезе во Куќата на слав...

Најчитани неделава