15 факти за фудбалот кои не сте ги знаеле

ЕУРО 2016 е во тек и милиони фудбалски фанови буквално го планираат животот според распоредот на натпреварите.

16-fakti-za-fudbalot-koi-ne-ste-gi-znaele-3.jpg

Сепак, фудбалот е втората најважна работа во светот. Додека фудбалерите ве импресионираат со своите голови, дриблинзи и акции, ние ви ги презентираме интересните и помалку познати факти за најомилениот спорт во светот.

1. Фудбалот потекнува од Кина како традиционална игра 476 години пред нашата ера.

2. Преку една милијарда фанови во исто време гледаат Светско фудбалско првенство на малите екрани, што го прави фудбалот најпопуларниот спорт во светот.

3. Најголемиот фудбалски турнир се одржал во Бангкок во 1999 година и учествувале 5.098 тима и вкупно 35.000 играчи.

4. Максималниот број голови постигнати од страна на еден играч на еден натпревар е 16, а ги дал Стефан Станис од Франција играјќи за Racing Club de Lens во декември 1942.

5. Според видеодоказ, најбрзиот гол во историјата на фудбалот го дал Рикардо Оливера од Уругвај во 2,8-та секунда од натпреварот.

6. Голманите не биле обврзани да носат различна боја на дрес од другите членови на тимот сè до 1913 година.

7. Фудбалерите трчаат приближно по 9,65 километри во текот на натпреварот.

8. Првиот кошаркарски натпревар е одигран со фудбалска топка.

16-fakti-za-fudbalot-koi-ne-ste-gi-znaele-4.jpg

9. Европските репрезентации стигнале до финалето на секое одиграно светско првенство, освен во 1930 и 1950 година.

10. Најмногу поени освоени на фудбалски натпревар му се припишуваат на тим од Мадагаскар. Фудбалерите дале 149 автогола како некој начин на протест и искажување револт поради неферските одлуки на судијата.

11. Роналдињо стана центар на вниманието кога постигна 23 гола на натпревар што заврши со резултат 23-0, а тој имаше само 13 години.

12. Низ целиот свет постојат 27 професионални фудбалски клуба што како свој прекар зеле наслов на песна од Битлси. Најпознати се Villarreal од Шпанија, кои се нарекуваат - the Yellow Submarines.

13. Нил Армстронг на своето слетување на Месечината сакал со себе да поведе фудбалска топка, како предмет што го претставува човештвото, но НАСА сметала дека таа не е толку типично американска.

14. Фудбалската топка има непроменета големина и форма 120 години.

15. Повеќе од 80% од фудбалските топки во светот се произведуваат во Пакистан.

И ние се согласуваме дека фудбалската топка е предмет што го претставува човештвото, имајќи ги во фокусот оние една милијарда страсни фудбалски фанови што го следат и годинешново ЕП.

А како синтеза на најпопуларниот спорт, најголемите спортски имиња и огромната еуфорија, Еуро 2016 ги поттикна Скопје сити мол и Кореа ауто трејд, официјален дистрибутер за Hyndai во Македонија, да ги креираат забавните активности „Шут, гол, Сити мол!“, со кои ќе им донесат радост и возбуда на фудбалските фанови и ќе им овозможат патување за двајца на финалето на ЕУРО 2016 во Франција или една од многуте официјални награди.

16-fakti-za-fudbalot-koi-ne-ste-gi-znaele-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Живее во дрвен бунгалов, не може да најде девојка – Што знаеме за Карлос Алкарaз, момчето што го поб... Татко му сакал да биде тенисер, но немал доволно финансии, па затоа станал трене...
Емотивен говор, маица за почит кон Коби Брајант: Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 24-та Гренд слем ... Новак Ѓоковиќ ја освои 24-тата Гренд слем титула во кариерата и моментално е тен...
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла ШК Алкалоид го освои петтото место на Светското екипно првенство во шах за сенио...
Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“ Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои прво...
Нема приватен авион, кога може се вози со велосипед на турнири – На што ги троши Новак Ѓоковиќ парит... Има колекција од скапи автомобили, но кога може, на натпреварите оди со велосипе...
Секоја чест! Македонката Катерина Ацевска е европска вицешампионка во џиу-џицу Македонија има убави вести за славење, нашата Катерина Ацевска го освои сребрени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg