Nike Air Zoom Vomero 12 - патика наменета за активни тркачи
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Продавач 24-04-2018
Пекар 24-04-2018


Nike Air Zoom Vomero 12 - патика наменета за активни тркачи

Благодарејќи на најновите технолошки процеси во изработката на патиките, тимот на Nike дизајнери успешно спои неколку технологии кои го олеснуваат движењето, даваат флексибилност и истовремено овозможуваат одлична издржливост на патеката.

nike-air-zoom-vomero-12-patika-nameneta-za-aktivni-trkaci-3.jpg

Иновативните Nike Air Zoom Vomero 12 патики комбинираат меко јадро изработено од Lunar пена во меѓуѓонот, со Zoom Air капсули долж целото стапало и овозможуваат лесна амортизација која обезбедува враќање на поголемо количество енергија од претходните модели.

Патиките Nike Air Zoom Vomero 12 придонесуваат за подобрување на перформансите на тркачите. Горниот дел од патиката е изработен од мрежест материјал кој помага стопалото да дише во текот на ладното време и долгите трки.

Ѓонот е изработен од нова издржлива пена, а не гума, со што овозможува исклучително меки и тивки чекори.

nike-air-zoom-vomero-12-patika-nameneta-za-aktivni-trkaci-2.jpg

Со комбинација на новите технологии во изработката, основните предности заради кои тркачите го одбираат новиот модел Nike Air Zoom Vomero 12 се:

  • Прилагодлива поддршка на стопалото (Flywire технологија)
  • Оптимален поврат на кинетичката енергија (овозможено од Zoom Air капсулите во петицата и предниот дел на стопалото)
  • Издржливост и тракција (ѓон од лесна Lunar пена)

Машките и женски Nike Air Zoom Vemoro 12 модели побарајте ги во продавниците на Sport Vision во Скопје Сити Мол, ГТЦ Скопје, Рамстор Мол и Капитол Мол или online.

nike-air-zoom-vomero-12-patika-nameneta-za-aktivni-trkaci-1.jpg

Би можело да ве интересира:

RED BULL AIR RACE 2017 - Возбуда до усвитување: Авионските трки ќе го ... На само две трки до крајот на сезоната од Светското прв...
Како се изработуваат златните олимписки медали? (фото) 23-тите Зимски олимписки игри во Пјонгчанг се во полн ек и се одржуваат од ...
Четири пилоти ќе атакуваат за светската титула на последната трка во И... Светското првенство Red Bull Air Race дојде до својата последна станица, но на с...