Две двојни салта наназад му ја донесоа победата на Шервуд

Возачот од Нов Зеланд, Ливај Шервуд, спои историска комбинација на трикови во едно возење за да стигне до фантастична победа на Red Bull X Fighters настанот во Мадрид кој се одржа по 16 пат.

dve-dvojni-salta-nazad-mu-ja-donesoa-pobedata-na-shervud-01.jpg

Мадрид (ШПАНИЈА),- Ливај Шервуд стана првиот возач во мотокрос слободен стил (FMX) што перфектно извел две двојни салта наназад во едно возење, со што ја обезбеди победата во финалето на најпрестижниот настан од светската серија Red Bull X Fighters.

Во ноќта за паметење на мадридската корида што ги згреа дланките на љубителите на акробациите, Австралиецот Џош Шихан го освои второто место, а Јапонецот Така Хигашино беше трет пред Американецот Адам Џонс.

Ова е втора победа за Новозеланѓанецот во препознатливата „Плаза де Торос де Лас Вентас“ откако прв пат славеше таму во 2012 година, по што следеше победничката серија на Томас Паже од четири триумфи во низа.

- Немате претстава колку е убаво сето ова,- изјави 25-годишниот Шервуд, кој има девет победи во Red Bull X Fighters, но последниот е пред три години на настанот одржан во Осака во 2014 година. - Долго време го чекав ова. Победите се по ретки и оддалечени, помина многу време откако победив последен пат. Чувството е прекрасно.

dve-dvojni-salta-nazad-mu-ja-donesoa-pobedata-na-shervud-02.jpg

Шервуд во голем стил изведе чифт на двојни салта наназад, од кои едно без раце, правејќи овој некогаш страшен трик да изгледа речиси неверојатно лесен пред одушевената публика во духовниот дом на овој спорт. Бранителот на трофејот, Томас Паже, беше присилен да го гледа шоуто од трибините поради повреда на рамото.

- Пред три месеци почнав да го вежбам двојното салто наназад и тоа претставуваше напуштање на мојата „комфорна зона“. Но, ми здодеа и сакав да се издигнам себе си за да го направам тоа без да ги држам рачките. Ми требаше време за да можам да ги тргнам дланките од нив, но откако еднаш успеав, натаму беше лесно,- откри Шервуд, кој добил на располагање оргромна „воздушна перница“ на својот тренинг терен, една од трите во светот, покрај онаа на легендарниот Трејвис Пастрана и втората што се користи во „Нитро циркус“.

Во својата кампања за победа во Мадрид, Шервуд исто така го изведе и незаборавниот скок наречен „360 нек-нек“, со што остави голем впечаток кај судиите кои му дадоа 4 од можни 5 „кациги“ за изведбата.

dve-dvojni-salta-nazad-mu-ja-donesoa-pobedata-na-shervud-03.jpg

Најдобрите 12 возачи во мотокрос слободен стил ги изведоа своите трикови на и без мотор, летајќи до 15 метри во височина и 30 метри во далечина. Со изведувањето на двете двојни салта наназад во зададениот рок од 75 секунди за едно возење, Шервуд го подигна спортот за едно ниво и направи на сите да им е јасно дека неговата верба е да го предводи спортот уште понапред. Неговиот мотор тежеше само 91 килограм или 16 помалку од порано, а и самиот тој ја намали сопствената тежина за 10 килограми за да може.

- Фасцинирам сум со правењето нештата да бидат подобри и спортот да напредува. До сега, нашите способности речиси ги надминаа можностите на мотоциклите. Сега кога го возам моторот, чувствувам дека не можам да го следам она што тој го прави. Отворено е ново поглавје по прашање што е можно да се направи со моторот,- додаде Шервуд кој пиеше шампањско од својата патика при прославата.

Комплетни резултати: 1. Ливај Шервуд (Нов Зеланд), 2. Џош Шихан (Австралија), 3. Такаги Хигашино (Јапонија), 4. Адам Џонс (САД), 5. Лук Акерман (Германија), 6. Дани Торес (Шпанија), 7. Клинтон Мур (Австралија), 8. Меикел Мелеро (Шпанија), 9. Кристијан Мејер (Шпанија), 10. Роб Аделберг (Австралија), 11. Хари Бинк (Австралија), 12. Фред Кирилос (Бразил).

dve-dvojni-salta-nazad-mu-ja-donesoa-pobedata-na-shervud-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Емотивен говор, маица за почит кон Коби Брајант: Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 24-та Гренд слем ... Новак Ѓоковиќ ја освои 24-тата Гренд слем титула во кариерата и моментално е тен...
Живее во дрвен бунгалов, не може да најде девојка – Што знаеме за Карлос Алкарaз, момчето што го поб... Татко му сакал да биде тенисер, но немал доволно финансии, па затоа станал трене...
Ретки семејни фотки: Новак Ѓоковиќ ја бакнува сопругата и ги прегрнува децата, по историската победа... Новак и Јелена Ѓоковиќ скоро никогаш не позираат со децата во јавност, но го пре...
Новак Ѓоковиќ по поразот низ солзи му се обрати на синот Стефан: „Мило ми е што си тука и се смееш“ „Драго ми е што мојот син е и понатаму овде и што се смее“ – рече Новак Ѓоковиќ ...
Реакцијата на Дејвид Бекам по голот на Меси + Дали Бекамови се трудат да го освојат Меси преку негов... Викторија ја изнесе Антоанела на вечера, Дејвид ја прегрнува по победата – Дали ...
Нема приватен авион, кога може се вози со велосипед на турнири – На што ги троши Новак Ѓоковиќ парит... Има колекција од скапи автомобили, но кога може, на натпреварите оди со велосипе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg