Јаде од тревата на теренот, си зборува сам со себе - интересни факти за Новак Ѓоковиќ


Јаде од тревата на теренот, си зборува сам со себе - интересни факти за Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ е еден од најдобрите тенисери во светот. Иако како мал сакал скијање и фудбал, сепак тенисот му бил најголема љубов.

Interesni-fakti-za-Novak-Dzokovic-01.jpg

Без разлика дали врнело дожд, паѓал снег или пак бил некој празник, тој секогаш вежбал со неговиот тренер Јелена.

Дознајте нешто повеќе преку следните интересни факти за животот на Ѓоковиќ:

Кога за прв пат допрел тениски рекет?

Тој за прв пат држел рекет во своите раце на само четиригодишна возраст. Рекетот му го донел татко му како подарок.

Interesni-fakti-za-Novak-Dzokovic (9).jpg

Тренирал со тренерот на Моника Селеш

Во 1993 година, Новак го забележала југословенската тенисерка Јелена Генчиќ.

Таа го пофалила дека е најголемиот талент што го видела после Моника Селеш. Во следните 6 години го тренирала Новак, а кога наполнил 13 години отишол во академијата Пилиц во Минхен, и на 14 години започнал со интернационална кариера.

Interesni-fakti-za-Novak-Dzokovic (12).jpg

Патот до славата

Во 2001 година на свои 14 години, Ѓоковиќ станува троен Европски шампион во сингл, двојки и тимска конкуренција. Исто така, го освојува сребрениот медал на Светскиот Јуниорски Шампионат во Југославија.

Interesni-fakti-za-Novak-Dzokovic (17).jpg

Моментот кога освојува кариера слем

Откако победи на Францускиот опен во 2016-та, тој стана првиот машки тенисер после Лорд Лавер, којшто освоил Кариера Слем во историјата.

Interesni-fakti-za-Novak-Dzokovic (3).jpg

Кошмар за противниците

Ѓоковиќ е само еден од четирите тенисери коишто успеале да го победат Федерер трипати во една година и еден од само двајца играчи коишто успеале да ги победат Роџер Федерер и Рафаел Надал во последователни натпревари.

Тој е единствениот играч којшто успеал да ги победи Федерер и Надал во ист турнир и тоа во 3 различни наврати.

Interesni-fakti-za-Novak-Dzokovic (18).jpg

Оженет е со пријателката од неговото детство

Својата жена, Јелена Ристиќ, ја има сретнато во средно училиште. На 10-ти јули 2014 година тие се венчаа и имаат две деца, Стефан и Тара.

Interesni-fakti-za-Novak-Dzokovic (14).jpg

Полиглот

Ѓоковиќ течно зборува повеќе јазици: српски, италијански, германски и англиски.

Interesni-fakti-za-Novak-Dzokovic (5).jpg

Се грижи за здравјето на децата

Во 2007 година, Ѓоковиќ ја лансираше кампањата за помош на децата, којашто им пружа финансиска помош на повеќе млади деца низ Србија, односно им помага на децата коишто ги изгубиле своите родители во војната.

Воедно, тој дава и огромни донации наменети за српските манастири и цркви.

Interesni-fakti-za-Novak-Dzokovic (7).jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Тајната која родителите на Новак Ѓоковиќ ја криеле цели 17 години од него: „Тој немаше поим што се с... „Тоа не траеше две или три, туку цели 17 години. Се селевме од стан во стан. Тој...
Мислел дека нема шанси кај неа, а сега имаат 4 деца - Пилар Рубио (43) е згодната сопруга на Серхио ... По четири родени деца и на 43 години шпанската ТВ водителка и сопруга на познати...
92-годишна баба го „освои“ срцето на Рафаел Надал со писмо на кое тој одговори Светскиот тенисер, Рафаел Надал, изрази благодарност преку социјалните мрежи за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg