Зошто Новак Ѓоковиќ јаде трева по секоја победа на Вимблдон?


zoshto-novak-gjokovikj-jadeshe-treva-na-natprevarot-na-vimbldon-01.jpg

Во најдолгото финале во историјата на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ го победи Роџер Федерер и ја освои петтата титула.

Традицијата што започна во 2011-та година, по освојувањето на првата титула на престижниот натпревар во Лондон, Новак ја продолжи и оваа година. После неговата победа, тој скина и изеде малку трева од теренoт.

Оние кои ја следат кариерата на познатиот тенисер веќе го знаат и веројатно го очекувале овој потег. Но, многу помлади гледачи реагираа со вистинско изненадување.

zoshto-novak-gjokovikj-jadeshe-treva-na-natprevarot-na-vimbldon-02.jpg

zoshto-novak-gjokovikj-jadeshe-treva-na-natprevarot-na-vimbldon-04.jpg

Приказната зад оваа традиција е навистина сентиментална. Како што објаснил и самиот тенисер, јадењето трева после секоја победа на Вимблдон било поврзано со ветувањето кое си го дал кога бил дете.

„Тоа е моја мала традиција. Како дете, сонував да победам на Вимблдон, па како и секое дете, и јас си замислував како ќе направам нешто лудо откако ќе ја постигнам целта. Самиот себе си реков: Ако победиш, мора да изедеш трева од тој терен.

Тревата од Вимблдон ми е како десерт, навистина е вкусна, а тој чин преставува симбол на мојата победа.“

За победата, на Новак му честитаа многумина, па дури и Кенсингтонската палата. Шампионскиот пехар му го додели никој друг, туку војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.

zoshto-novak-gjokovikj-jadeshe-treva-na-natprevarot-na-vimbldon-05.jpg

На свеченоста после епското финале, Новак позираше со пехарот во раце заедно со Симона Халеп, победничката на женското финале.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ... По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Новак Ѓоковиќ ја освои 101-та титула во кариерата - Победи во Атина и стана најстар победник на АТП ... Новаќ Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека долго време откако ќе се пензионира, ниеден...
Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...
Носи јакна со глина од тениските терени, танцува со ќерката - Ноле е повторно главен „фраер“ на Rola... Ноле, кој е познат по строгата дисциплина и посветеноста на работата, освен што ...
Обвинувања за украден дечко, јавни навреди - Како Серена Вилијамс и Марија Шарапова од ривалки стана... Пред само неколку дена руската тенисерка Марија Шарапова влезе во Куќата на слав...

Најчитани неделава