Новак Ѓоковиќ: „Медитацијата, јогата и веганството ми помогнаа да успеам“

Српскиот тенисер кој има нов тренер (Андре Агаси) ги сподели тајните на своето здравје и благосостојба.

Novak-Gjokovikj-01.jpg

Дури и помеѓу спортистите, Новак се истакнува како некој што е многу посветен на здравата исхрана. Неговото прво искачување на местото број еден на АТП листата се совпадна со моментот кога целосно се откажа од глутен.

Тој, исто така, издаде и книга за правилна исхрана и има отворено и вегански ресторан, Eqvita, во Монте Карло.

Кои се тајните на Ѓоковиќ кои му помогнаа да го постигне успехот кој го ужива денес?

Внимавајте на вашата исхрана

„Мојата нетолерантност кон глутен ми беше откриена во 2010 година. Претходно, не ни знаев што е глутен. Исто така ги исклучив млечните производи и рафинираниот шеќер од мојата диета, што е можеби и поважно од глутенот.

Мислам дека тоа ми помогна не само да бидам подобар тенисер овие последни 8 години, туку и да бидам поздрава личност, спортист којшто побргу закрепнува.

Ова функционираше за мене – очигледно не велам дека е добро за сите. Но е нешто што беше многу важно и интегрален дел од мојата кариера и мојот живот.“

Медитирајте

„Медитирам и практикувам јога бидејќи имам потреба од оптимална состојба на умот и мир и смиреност, а истовремено и за среќа и радост. Секој има свој начин да ја постигне таа состојба на свесност кога сте добро расположени кон себе, луѓето околу вас и кон планетата.

Затоа се обидувам да бидам подреден на овој пристап и ова размислување во животот.“

Novak-Gjokovikj-02.jpg

Заборавете на вашите стравови

„Секој ден работам напорно за да немам стравови. Мислам дека стравовите се најголемиот непријател на секој од нас, без разлика што правиме. Доколку премногу се опседнував со стравовите, немаше да можам да го постигнам она што го постигнав.

Очигледно ова е многу специфичен момент во мојот живот со многу промени. Престанав да работам со тимот со којшто работев десет години. Ова е нов почеток и се радувам на она што ќе го донесе животот.“

Дозволете ѝ на љубовта да влезе во вашиот живот

„Се обидувам да се фокусирам на позитивните емоции коишто ме водат, како пасијата, среќата и чистата инспирација да го играм спортот којшто го сакам.

Секогаш се навраќам на тој момент: фактот дека едноставно сакам да го држам рекетот и да играм секој ден на кој било терен, не само на главниот терен на големите натпреварувања, бидејќи тоа ми ја дава возбудата и среќата да продолжам понатаму.

Затоа морав да ја пронајдам внатрешната среќа на мотивацијата, само да играм. Не за да изгубам или победам, туку само да играм затоа што уживам во играта.“

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ... По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Новак Ѓоковиќ ја освои 101-та титула во кариерата - Победи во Атина и стана најстар победник на АТП ... Новаќ Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека долго време откако ќе се пензионира, ниеден...
Се запознале како тинејџери, имаат 4 сина - Љубовната приказна на Зинедин Зидан и сопругата е како б... „На 6 февруари ја запознав мојата сопруга во Кан, врнеше снег. Го изгубив часовн...
Норвешки олимпиец во живо призна дека ја изневерил девојката и се расплака: „Се надевам ќе ми прости... „Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а можеби денес не ме гледа. Пред...
Михаел Шумахер веќе не е врзан за кревет - Што знаеме за неговото здравје 12 години по несреќата? Светскиот шампион во формула 1, Михаел Шумахер (57), на 29 декември 2013 година ...

Најчитани неделава