Говорот на ЛеБрон, дресови од Коби низ цела сала, солзи во очи – емотивно збогување на Lakers


Говорот на ЛеБрон, дресови од Коби низ цела сала, солзи во очи – емотивно збогување на Lakers

ЛеБрон имаше емотивен говор за Коби, трибините беа прекриени со дресови од Брајант со број 8 и 24, на првите седишта беа обезбедени места за Коби и Џиџи, а беше подготвено и емотивно видео со најдобрите моменти од неговата кариера - како Lakers му оддаде почит на легендарниот кошаркар пред првиот натпревар по трагичната смрт?

govorot-na-lebron-dresovi-od-kobi-niz-cela-sala-solzi-vo-ochi-emotivno-zboguvanje-na-lakers-01.jpg

Lakers се вратија на терен за првпат по смртта на Коби и неговата ќеркичка, а му оддадоа огромна чест во Staples центарот или како што многумина го нарекуваат – домот кој Коби го изгради.

На трибините, секое седиште беше покриено со дрес од Брајант – на пола арена беа поставени дресови со број 8, а на другата половина – со број 24.

govorot-na-lebron-dresovi-od-kobi-niz-cela-sala-solzi-vo-ochi-emotivno-zboguvanje-na-lakers-02.jpg

govorot-na-lebron-dresovi-od-kobi-niz-cela-sala-solzi-vo-ochi-emotivno-zboguvanje-na-lakers-03.jpg

Во првиот ред пак, беа „резервирани“ две места за Коби и Џиџи со букет од ружи и нивните дресови, а Ванеса Брајант напиша – „Нема број 24, без број 2“.

https://www.instagram.com/p/B8Axc2Oj4pl/

Пред натпреварот, ЛеБрон Џејмс не ја исупушти шансата да му оддаде почит на Коби, со зборовите (говорот почнува од 01:47):

„Во одреден момент ќе имаме меморијал за Коби, но ова сега го гледам како славење. Ова е славење на 20-те години крв, пот, солзи и изморено тело. Вечерва го славиме детето кое дојде овде на 18 години и се пензионираше на 38, и стана најдобриот татко кој го имавме видено во последниве 3 години.

Со зборовите на Коби ‘Mamba out’, но со наши зборови ‘Никогаш заборавен. Продолжи да живееш брату’“. – вака гласи дел од говорот на Џејмс, кој прво имал подготвено текст, но го фрли листот и продолжи да зборува од срце.

Пред натпреварот, Lakers му оддадоа чест на Коби и со емотивно видео, кое ги прикажуваше најдобрите моменти од неговата кариера во NBA, за нарација беа искористени зборовите на Брајант, а во позадина одеше песната Hallelujah.

Публиката извикуваше „Коби“ и „Џиџи“ во еден глас, а видеото предизвика силни емоции кај публиката, и нема да остави никого рамнодушен.

Пред арената и во арената, сите беа облечени во дрес од Коби и му оддадоа почит на трагично загинатиот кошаркар.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Триумфално враќање за Гери Хант во Сисикон Победниците ги надминаа своите проблеми во Франција освојувајќи ги симпатиите на...
Новак Ѓоковиќ: „Медитацијата, јогата и веганството ми помогнаа да успеам“ Српскиот тенисер кој има нов тренер (Андре Агаси) ги сподели тајните на своето з...
Името го добил по јапонско месо, играл кошарка од 3 години, освоил Оскар – неверојатни факти за Коби... Коби Брајант ја помина целата своја 20-годишна кариера во НБА лигата играјќи за ...