„Во фудбал секогаш победува Германија, освен кога игра со Македонија“ - Реакциитe на Македонците за синоќешната историска победа

Игор Џамбазов објави видео на кое возбудливо вика и се радува на победата, Бастијан Швајнштајгер им честиташе на Македонците на победата, а твитерџиите го разгореа Твитер со позитивни коментари за нашите фудбалери по историската победа над Германија со резултат 2:1.

vo-fudbal-sekogash-pobeduva-germanija-osven-koga-igra-so-makedonija-reakcii-na-makedoncite-za-sinokjeshnata-istoriska-pobeda001.jpg
фото: ФФМ

На синоќешниот натпревар Македонија ја победи Германија со резултат 2:1, со тоа постигнувајќи ја можеби најголемата победа во историјатa на Македонската фудбалска репрезентација.

Историскиот натпревар се одржа во Дујсбург, а Германците изгубија на домашен терен. Покрај победата на македонските фудбалери, изгледа, Горан Пандев стана најстариот фудбалер кој ѝ дал гол на Германија.

Натпреварот со Германија беше дел од третото коло од квалификациите за Светското првенство во Катар, па да се надеваме дека нашите фудбалери ќе имаат можност да играат и таму.

По историската победа, Македонците се радуваа во своите домови, но во некои подобри времиња, сигурно ќе беа излезени на плоштад. 

Нормално, социјалните мрежи се преплавени од реакциите на возбудените Македонци, а во продолжение можете дa погледнете дел од нив:

vo-fudbal-sekogash-pobeduva-germanija-osven-koga-igra-so-makedonija-reakcii-na-makedoncite-za-sinokjeshnata-istoriska-pobeda-02.jpg

vo-fudbal-sekogash-pobeduva-germanija-osven-koga-igra-so-makedonija-reakcii-na-makedoncite-za-sinokjeshnata-istoriska-pobeda03.jpg

За победата се огласи и Бастијан Швајнштајгер, искажувајќи ја својата почит кон Македонија и нагласувајќи дека нашите фудбалери успеаја да победат четирикратен светки шампион во фудбал:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Норвешки олимпиец во живо призна дека ја изневерил девојката и се расплака: „Се надевам ќе ми прости... „Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а можеби денес не ме гледа. Пред...
Илина Соколовска првпат ја носи Македонија на Светско првенство по ритмичка гимнастика Илина Соколовска, успеа да ги освои потребните бодови и ја носи Македонија на Св...
Новак Ѓоковиќ ја освои 101-та титула во кариерата - Победи во Атина и стана најстар победник на АТП ... Новаќ Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека долго време откако ќе се пензионира, ниеден...
Протекоа скандалозни снимки од забави на фудбалери со ескорт девојки во Италија - присуствувал и Ибр... Контроверзниот италијански бизнисмен, Фабрицио Корона, познат и како „кралот на ...
Фудбалер на Арсенал исмеан поради крупната сопруга: „Богат е и згоден, може тој и подобро од неа“ „Деклан Рајс е милионер, фудбалска ѕвезда, фит, висок и згоден, но реши да избер...
Натпреварот со Португалија на Европско ракометно првенство заврши нерешено Натпреварот почна и заврши тензично, а крајниот резултат беше 29:29. Нашите рако...

Најчитани неделава