Херој на денот: Капитенот на Данска прв му укажа помош на Ериксен, па отиде да ја утеши неговата девојка
- Детали
- сабота, 12 јуни 2021
Во моменти на шок, капитенот на Данска прв се сети да му го извади јазикот на Ериксен, да го викне медицинскиот тим, иницираше да се оформи штит околу него и отиде да ја утеши девојката на соиграчот.
Моментот кога данскиот фудбалер колабираше на теренот беше вознемирувачки за гледање, но уште пошокантен за играчите на теренот.
Во тие моменти на шок, посебно се издвои капитенот на данската репрезентација, Симон Кјер, кој покажа што е вистински лидер - тој прв дотрча до Ериксен и ја увиде сериозноста на ситуацијата.
Тој веднаш се обиде да му го извади јазикот и да го реанимира додека да пристигне медицинскиот тим и да му укаже професионална помош на фудбалерот.
Додека медицинскиот тим се бореше за животот на Ериксен, капитенот иницираше соиграчите да го опколат фудбалерот и да ги прикријат непријатните сцени за гледање.
Она што го прави уште поголем човек капитенот на данската репрезентација е тоа што не заборави на најблиските на Кристијан кои беа сведоци на оваа страотна глетка.
Кјер беше забележан како ја теши партнерката на Ериксен, Сабрина, која вознемирено ја следеше ситуацијата од другата страна на теренот.
За големината на капитенот на Данска пишуваа многумина, помеѓу кои и Пирс Морган.
?s=21&fbclid=IwAR2pNxmaMB1MSNJXrtZbJILusLOaqzbdMEz0pCrChf4oHCFgRiiN5qdP4wk
Инаку, Ериксен беше пренесен во болница каде е стабилизиран и се правaт дополнителни испитувања.
Според спортско студио на германска телевизија, тој во разговор од болница со соиграчите изразил желба тие да го продолжат натпреварот, по што истиот беше продолжен, а тие играа во негова чест.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





