Семејството на фудбалерот Лука Модриќ - На 19 години ја освоил 5 години повозрасната Вања од Загреб, имаат 3 деца

Zad-uspehot-na-Luka-Modric-stoi-Vanja-Modric-taa-e-posvetena-majka-na-nivnite-3-deca-no-i-odlicen-fudbalski-menadzer-05.jpg

Сепак, освен што е мајка и сопруга, често се вели дека Вања е главен соработник на Лука. Се вели дека таа ги снима сите натпревари, а потоа заедно ги гледаат и ги анализираат.

Откако ја напушта агенцијата „Мамиќ“, Вања во целост се посветува само на кариерата на нејзиниот сопруг.

Zad-uspehot-na-Luka-Modric-stoi-Vanja-Modric-taa-e-posvetena-majka-na-nivnite-3-deca-no-i-odlicen-fudbalski-menadzer-06.jpg

Таа е менаџерка со лиценца од ФИФА, а е задолжена за целиот развој на неговата кариера. Таа преговара за сите продажби и трансфери на нејзиниот сопруг, а очигледно и добро си ја знае работата штом успеа да направи „зделка“ и со Реал Мадрид. Постојат тврдења дека таа го има последниот збор кога се разговара за сите поважни одлуки во животот на фудбалерот.   

По трансферот на Лука во Реал Мадрид, семејството се сели и живее во Шпанија, но често патуваат и во родната Хрватска: кај семејството на Вања во Загреб, но и во Задар од каде потекнува Модриќ и каде поседуваат сопствена вила.

Во 2017-тата година семејството купи семејна куќа во Загреб каде имаат намера да живеат по пензионирањето на славниот фудбалер.  Сепак, ако се земе предвид дека Лука го продолжи договорот со Реал Мадрид до следната година, останува да видиме која ќе биде нивната следна дестинација. Ако некој со сигурност знае каде ќе биде тоа е Вања.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Се огласи изневерената девојка на норвешкиот олимпиец: „Тешко е да се прости и по изјавата за љубов ... „Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Н...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...
Погребан Диого Жота - Сопругата облечена во бело, бдението се одржа во црквата каде се венчаа пред 2... Вдовицата на фудбалерот на погребот дојде облечена во бело - боја која го слави ...
Норвешки олимпиец во живо призна дека ја изневерил девојката и се расплака: „Се надевам ќе ми прости... „Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а можеби денес не ме гледа. Пред...

Најчитани неделава