Семејството на фудбалерот Лука Модриќ - На 19 години ја освоил 5 години повозрасната Вања од Загреб, имаат 3 деца

Лука Модриќ реди успеси на фудбалскиот терен, а малкумина знаат дека зад него стои успешна жена, што се грижи за неговото семејство, но и преговара за неговата кариера. Како еден краток телефонски разговор во целост ѝ го промени животот?

Zad-uspehot-na-Luka-Modric-stoi-Vanja-Modric-taa-e-posvetena-majka-na-nivnite-3-deca-no-i-odlicen-fudbalski-menadzer-01.jpg

Лука Модриќ (36) на натпреварот против Шкотска постигна прекрасен гол со кој донесе важно водство за Хрватска која на крајот победи со 3-1 и се пласираше во осминафиналето од Европското Првенство. Сепак, малкумина знаат дека неговата сопруга Вања (41) е таа што ги држи „конците“ кога станува збор и за семејството Модриќ, но и за кариерата на светски познатиот фудбалер.

На натпреварот со Шкотска што се одржа синоќа (22.06) Лука Модриќ со 35 години и 286 дена стана најстариот хрватски фудбалер кој постигнал гол на Европските првенства. Истовремено тој беше и најмладиот фудбалер на „коцкестите“ кој погодил на овие натпреварувања. Модриќ постигна гол за Хрватска на Европското Првенство во 2008-мата година на натпреварот против Австрија, кога имаше 22 години и 73 дена.

Zad-uspehot-na-Luka-Modric-stoi-Vanja-Modric-taa-e-posvetena-majka-na-nivnite-3-deca-no-i-odlicen-fudbalski-menadzer-02.jpg

За Лука се знае многу, како хрватски репрезентативец, но и како играч на Реал Мадрид – цела Европа е добро запознаена со кариерата и успесите на златното момче од Хрватска, но малкумина знаат дека голем удел за неговите успеси има токму и неговата сопруга Вања Модриќ, која покрај тоа што е мајка на три деца, истовремено е и менаџерка на фудбалерот.

Вања во секој поглед ги руши стереотипите за тоа како треба да се однесува една сопруга на светски познат спортист. Таа не се промовира по медиумите и не можеме да ја најдеме на социјалните мрежи, ретко, понекогаш можеме да ја забележиме во фотографиите што други луѓе ги објавуваат, а на кои се нашла и таа.

Zad-uspehot-na-Luka-Modric-stoi-Vanja-Modric-taa-e-posvetena-majka-na-nivnite-3-deca-no-i-odlicen-fudbalski-menadzer-03.jpg

Пред да се запознае со славниот фудбалер таа работела во Агенцијата за фудбал „Спортска Агенција Мамиќ“, а еден телефонски разговор во целост ќе ѝ го промени животот. Во 2004-тата година таа добила задача да го побара Модриќ на телефон, а краткиот разговор траел цели три часа.

Со оглед на тоа што живееле во истата населба во Загреб, Лука и Вања набргу се нашле на пијачка во едно кафуле во близина, а по ова започнува нивната љубовна приказна. Иако Лука тогаш имал само 19 години, со својата самоувереност, амбициите, но и скромноста успеал да ја освои пет години повозрасната Вања. По две години тие почнале да живеат заедно, а токму таа била со него и во 2008-мата година кога тој го потпишал договорот со Тотенхем и се преселила со него во Лондон.

Zad-uspehot-na-Luka-Modric-stoi-Vanja-Modric-taa-e-posvetena-majka-na-nivnite-3-deca-no-i-odlicen-fudbalski-menadzer-04.jpg

Вања и Лука во 2010-тата склопиле граѓански брак пред матичар, а таа веќе била во поодмината фаза на бременост со нивниот прв син Иван. Следната година направиле голема црковна венчавка, но и свадба за роднините и пријателите.

Вања и Лука имаат уште две деца, покрај синот Иван, ќерките Ема (8) и Софија (3).

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Се огласи изневерената девојка на норвешкиот олимпиец: „Тешко е да се прости и по изјавата за љубов ... „Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Н...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...
Погребан Диого Жота - Сопругата облечена во бело, бдението се одржа во црквата каде се венчаа пред 2... Вдовицата на фудбалерот на погребот дојде облечена во бело - боја која го слави ...
Норвешки олимпиец во живо призна дека ја изневерил девојката и се расплака: „Се надевам ќе ми прости... „Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а можеби денес не ме гледа. Пред...

Најчитани неделава