Татко му не сакал тој да вози Формула 1, бил со него кога се случи страшната несреќа на Алпите – Факти за Мик Шумахер, синот на Михаил

Физички премногу наликува на својот славен татко, бил со него кога тој настрада на скијање, тргна по неговите стапки и гради успешна кариера во Формула 1, иако Михаел јавно говореше дека никогаш нема да го дозволи тоа, а на последната трка пред неколку дена, тој имаше сообраќајна несреќа - факти за Мик Шумахер.

tatko-mu-ne-sakal-da-toj-da-vozi-formula-1-bil-so-nego-koga-se-sluchi-strashnata-nesrekja-na-alpite-fakti-za-mik-shumaher-01.jpg

Во саботата (26.02), синот на светски познатиот возач на формула 1 Михаел Шумахер (53), Мик Шумахер (23) имаше тешка сообраќајна несреќа на стазата во Абу Даби кога удри во ѕид со брзина од 240 km/час.

Тој цело време беше во свесна состојба, но со хеликоптер беше пренесен во болница.

Мик ја пропушти трката во Абу Даби, но, откако излезе од болница рече дека се чувствува добро и дека се подготвува за следната трка во Мелбурн.

tatko-mu-ne-sakal-da-toj-da-vozi-formula-1-bil-so-nego-koga-se-sluchi-02.jpg

Во продолжение неколку интересни факти за Мик Шумахер, кој тргна по стапките на својот славен татко и полека почнува да гради сопствена кариера во Ф1.

Повеќе интересни факти за Мик во продолжение:

Мик е роден во 1999-та година и е син на седумкратниот шампион во Формула 1 Михаел Шумахер. Професионално почнал да се занимава со Формула 1 во 2008-ма година под псевдонимот Мик Беч за да избегне какво било поврзување со неговиот познат татко.

fakti-za-mik-shumaher-sinot-na-mihail-02.jpg

Уште додека бил мал, Мик го нарекувале „Мини Шуми“, а уште на 2-годишна возраст почнал да пројавува интерес за возење картинг. На 8-годишна возраст Мик почнал да пројавува желба за да стане Формула 1 возач.

fakti-za-mik-shumaher-sinot-na-mihail-05.jpg

Иако многумина очекуваат дека Мик ја имал целата поддршка од татко му за да ја изгради кариерата во Формула 1, помалку познат факт е дека Михаел не сакал неговиот син да се занимава со опасниот спорт.

„Всушност не смеам да мислам на тоа дека ќе го видам син ми во формула. Не сакам да биде мој наследник. Ако децата сакаат да изберат исто хоби како татко им, тогаш нека изберат голф, тоа е релативно безбеден спорт“ – рече Шуми.

На возраст од само 14 години Мик бил заедно со неговиот татко Михаил на скијање на Француските Алпи кога се случила страшната несреќа и Ф1 легендата удри со глава во карпа, по што беше 6 месеци во кома за да се намали отокот на мозокот.

fakti-za-mik-shumaher-sinot-na-mihail-14.jpg

Денес, речиси никој не знае во каква здравствена состојба е Михаел, а неговата сопруга Корина во неколку наврати рече дека ја почитува желбата на неговиот сопруг и не открива детали за него.

fakti-za-mik-shumaher-sinot-na-mihail-06.jpg

На возраст од 15 години, Мик ја имал првата сообраќајна несреќа, за време на тренинг во Барнденбург Германија. Оваа несреќа следела само неколку денови откако и официјално ја започнал кариерата, но тоа не го обесхрабрило да продолжи понатаму.

fakti-za-mik-shumaher-sinot-na-mihail-07.jpg

Мик јавно говореше во документарниот филм посветен за животот на неговиот татко во кој рече:

„Мислам дека јас и татко ми се разбираме сега на поинаков начин затоа што говориме на сличен јазик, на јазикот на мото-спортот и мислам дека би имале многу што да си кажеме.

Честопати мислам за тоа. Би дал сѐ на светот само да можам да разговарам со него“.

fakti-za-mik-shumaher-sinot-na-mihail-04.jpg

Мик успешно ја гради кариерата во Формула 1, а во саботата имаше страшна несреќа кога со болидот се заби во ѕид при брзина од 240 km/час.  Тоа е само уште еден доказ за тоа колку овој спорт е опасен, но тој нема намера да се откаже – туку најави учество на следната трка во Мелбурн.

fakti-za-mik-shumaher-sinot-na-mihail-09.jpg

Што се однесува до приватниот живот, се шпекулира дека Мик е во врска со ќерката на познатиот норвешки Формула 1 возач, Харалд Хуисман, Џастин Хуисман. Семејствата Шумахер и Хуисман биле пријатели со години, а Џастин незабележано го следела Мик уште од почетоците на неговата кариера.

fakti-za-mik-shumaher-sinot-na-mihail-15.jpg

Прочитајте и Ja преживеа несреќата благодарение на сопругата – Која е Корина Шумахер и како Михаел ја возвишуваше?

Повеќе фотографии од Мик на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени... Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Михаел Шумахер веќе не е врзан за кревет - Што знаеме за неговото здравје 12 години по несреќата? Светскиот шампион во формула 1, Михаел Шумахер (57), на 29 декември 2013 година ...
Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ... По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Се запознале како тинејџери, имаат 4 сина - Љубовната приказна на Зинедин Зидан и сопругата е како б... „На 6 февруари ја запознав мојата сопруга во Кан, врнеше снег. Го изгубив часовн...
Поради синот со аутизам одбил неколку клуба, се бори за светска титула - Шпанскиот фудбалер Марк Кук... „Не беше среќен ни во градинка, често беше вознемирен, не се прилагодуваше. Ќе п...

Најчитани неделава