„Моето семејство никогаш нема да го заборави овој гест“ - Кристијано Роналдо трогнат од навивачите на натпреварот на Манчестер

„Ви благодарам. Јас и моето семејство никогаш нема да го заборавиме овој момент на почит и сочувство“, стои во видеото од емотивниот гест што го сподели фудбалерот, во кое цел стадион даде едноминутен аплауз со цел да го поддржи фудбалерот по загубата на неговото синче.

navivachite-so-emotiven-gest-za-kristijano-ronaldo-po-smrtta-na-novorodencheto-rakopleskaa-cela-minuta-na-natprevarot-na-manchester-junajted-foto-video-01.jpg

Гледачите на натпреварот помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед му оддадоа почит на Кристијано Роналдо по смртта на неговиот новороден син.

Со аплауз кој траеше цела минута, фановите ја покажаа својата поддршка за познатиот фудбалер кој е трогнат од прекрасниот гест.

Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез очекуваа близнаци, но во понеделникот парот соопшти дека, за жал, едното од децата починало кратко по раѓањето.

navivachite-so-emotiven-gest-za-kristijano-ronaldo-po-smrtta-na-novorodencheto-rakopleskaa-cela-minuta-na-natprevarot-na-manchester-junajted-foto-video-04.jpg

Поради трагичниот настан, Роналдо не играше на последниот натпревар на Манчестер Јунајтед против Ливерпул кој се одржа во вторникот.

Сепак, навивачите од трибините не го заборавија фудбалерот и му покажаа почит со прекрасен гест.

navivachite-so-emotiven-gest-za-kristijano-ronaldo-po-smrtta-na-novorodencheto-rakopleskaa-cela-minuta-na-natprevarot-na-manchester-junajted-foto-video-06.jpg

Фановите на клубот на Роналдо – Манчестер Јунајтед – но и фановите на противничкиот Ливерпул, ракоплескаа цела минута.

Громогласниот аплауз започна во седмата минута бидејќи тоа е бројот на дресот на Роналдо.

navivachite-so-emotiven-gest-za-kristijano-ronaldo-po-smrtta-na-novorodencheto-rakopleskaa-cela-minuta-na-natprevarot-na-manchester-junajted-foto-video-02.jpg

navivachite-so-emotiven-gest-za-kristijano-ronaldo-po-smrtta-na-novorodencheto-rakopleskaa-cela-minuta-na-natprevarot-na-manchester-junajted-foto-video-05.jpg

Трогнат од гестот, фудбалерот сподели и видео на Инстаграм со емотивен опис.

„Еден свет… Еден спорт… Едно глобално семејство… Ви благодарам. Јас и моето семејство никогаш нема да го заборавиме овој момент на почит и сочувство“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бил оставен во манастир како бебе, добил страшна лузна на 2 години – Факти за фудбалерот Франк Рибер... Како бебе бил оставен на скали од манастир, а на 2 години во сообраќајка ќе ја д...
Роџер Федерер ја завршува 24-годишната кариера: „Ви благодарам на сите што ми помогнавте да си го ос... Со емотивна објава на неговиот официјален веб-сајт, тенисерот Роџер Федерер спод...
Камили на стадион, традиционални танци, моќен говор на Морган Фримен – Моменти од спектакуларното от... Изведба на традиционални танци и песни, Морган Фримен, со својот моќен и смирува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg