Камили на стадион, традиционални танци, моќен говор на Морган Фримен – Моменти од спектакуларното отворање на Светското првенство во Катар 2022

Изведба на традиционални танци и песни, Морган Фримен, со својот моќен и смирувачки глас, во дијалог со студент од Катар со хендикеп порача дека во различностите има убавина, спектакуларен танц на маскотите од Светските првенства низ годините, изведба на официјалната химна и моќно шоу со огномет на претставувањето на логото - погледнете како помина отворањето на Светското првенство во Катар.

kamili-na-stadion-mokjni-tanci-govor-na-morgan-frimen-momenti-od-spektakularnoto-otvoranje-na-svetskoto-prvenstvo-vo-katar-2022-01.jpg

По 30-секундно одбројување, официјално започна церемонијата на отворањето на Светското првенство во Катар, со силен аплауз кој одекнуваше од трибините на стадионот Ал Баjт.

На стадионот застанаа камили и голем број танчари, кои играа традиционален, синхронизиран танц, на песна која ги повикува патувачите и навивачите од целиот свет да се поврзат, да не запрат да сонуваат дека повторно ќе бидат заедно.

На сцената се појави и Морган Фримeн кој имаше моќен дијалог со студент од Катар со хендикеп, кој е вистинска инспирација за земјите во тој дел од светот, a порачаа дека во разликите треба да најдеме убавини.

Светски познатиот актер призна дека музиката и начинот на прославата се нешто сосема поинакво од она што ја знаел порано земјата и ги покани сите навивачи од цел свет во Катар.

kamili-na-stadion-mokjni-tanci-govor-na-morgan-frimen-momenti-od-spektakularnoto-otvoranje-na-svetskoto-prvenstvo-vo-katar-2022-02.jpg

Потоа следеше танц од мажи, кој се изведувал пред битки за да се крене моралот на племето, а по ова следеше уметничко претставување на сите 32 земји учеснички, со веење на нивните знамиња, со дресовите, како и со препознатливи рефрени од нивните традиционални навивачки песни.

Спектакуларен беше и танцот на маскотите кои беа препознатливи за секое Светско првенство низ годините, а на крајот се појави и огромната маскота која ќе биде препознатлива за овогодишниот мундијал во Катар, а претставува супер вешт играч.

На сцената се појави и Јунг Кок, пејачот на јужнокорејскиот бенд BTS, кој ја изведе официјалната химна на Светското првенство во Катар, во придружба на катарскиот пејач Фахад Ал Кубаиси.

Морган Фримен уште еднаш порача дека фудбалот го спојува светот и нациите со љубов, а по видеото од приватната архива на катарското кралско семејство, во кое низ годините играат фудбал на песок, следеше традиционално подарување дрес од синот на таткото на кралското семејство, по што синот на шеикот одржа говор.

kamili-na-stadion-mokjni-tanci-govor-na-morgan-frimen-momenti-od-spektakularnoto-otvoranje-na-svetskoto-prvenstvo-vo-katar-2022-04 (1).jpg

Во заршната фаза на церемонијата, следуваше спектакуларно визуелно шоу на кое се претставуваше логото на првенството, со многу пиротехника и огномет, со кое се испраќа порака дека само небото е граница, додека фудбалерите на Катар и Еквадор се подготвуваат за премиерниот меч.

kamili-na-stadion-mokjni-tanci-govor-na-morgan-frimen-momenti-od-spektakularnoto-otvoranje-na-svetskoto-prvenstvo-vo-katar-2022-03 (1).jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се огласи изневерената девојка на норвешкиот олимпиец: „Тешко е да се прости и по изјавата за љубов ... „Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Н...
Моментот кога Пике беше „осуден“ да го гледа настапот на бившата Шакира на Светско 2026 со синовите ... Пике беше најомразен кога се дозна дека ја изневерил Шакира и ја остави за друга...
Обвинувања за украден дечко, јавни навреди - Како Серена Вилијамс и Марија Шарапова од ривалки стана... Пред само неколку дена руската тенисерка Марија Шарапова влезе во Куќата на слав...
Убиство, модерно ропство: Скандали што го одбележаа Светското фудбалско првенство низ годините На почетокот од јуни, фудбалски судија од Сомалија бил задржан на аеродром во Ма...
Норвешки олимпиец во живо призна дека ја изневерил девојката и се расплака: „Се надевам ќе ми прости... „Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а можеби денес не ме гледа. Пред...
Сопругата на Диого Жота, кој почина 2 недели по свадбата, се појави во бело на „Златна топка“ – храб... Таа на црвениот тепих зачекори во долга тоалета во бела боја, елегантна, каква ш...

Најчитани неделава