Меѓународната групација myWorld и Ф1 тимот Торо Росо потпишаа повеќе годишен договор за официјално стратешко партнерство...
Двократниот светски првак, Камерон Неш, се доближи на чекор до освојување на третиот шампионски наслов со победа на трката во Бостон, прва од светското првенство во екстремен спуст на лизгалки која што се одржа на стадион. Сонародничката Аманда Транзо го дополни успехот на Американците со победа во женска конкуренција од светското првенство Red Bull Crashed Ice.
Предизвикувајќи вчудоневиденост кај педесет илјадната публика која ги следеше авионските трки во Абу Даби на отворањето на сезоната, светскиот првак од 2017 година, Јошихиде Муроја од Јапонија, успеа да оствари победа постигнувајќи резултат кој беше само три илјадити делови од секундата побрз од неговиот долгогодишен ривал, и воедно бранител на титулата за оваа година, Мартин Шонка од Чешката Република. Со овој резултат го трасираше темпото за сезоната во која се предвидени осум трки, при што уште еден од ланските кандидати за титулата се најде на пиедесталот. Имено, Американецот Мајкл Гулијан го освои третото место, но имајќи предвид дека во „мастер“ класата има уште 11 други сензационални пилоти, никој не може со сигурност да каже кој ќе се најде на врвот по финалето предвидено за ноември...
На 3-ти февруари се одржаа 53-ите по ред Super Bowl игри, а покрај натпреварот на двата најдобри тима, музичките перформанси секогаш оставаат голем впечаток.
На 3-ти февруари 2019-та се одржуваат 53-ите по ред Super Bowl игри, а рекламите кои ќе се прикажуваат на паузите, се веќе објавени онлајн.
По убедливата победа над Јапонија и Бахреин, нашата ракометна репрезентација ни обезбеди старт каков што посакувавме на Светското првенство во ракомет, кое оваа година се одржува во Германија и Данска!
Во ладните зимски денови можеби немаме премногу избор за забавни активности, но многумина ќе се согласат дека скијањето е и повеќе од доволно. Ова е спорт и рекреација за луѓе на секоја возраст и претставува физичка активност која е добра не само за телото, туку и за умот. Скијањето има позитивно влијание на срцето и крвната циркулација...
Благодарение на Светското првенство во фудбал, Зимските Олимписки игри и Супербоулот, 2018 година беше одлична година за спортската архитектура. Погледнете го изборот од 10 највпечатливи стадиони и спортски центри коишто веруваме дека ќе остават белег во историјата и ќе влијаат на понатамошниот развој на архитектурата...
Јокохама, Јапонија - Американецот Камерон Неш победи на првата трка од деветтата сезона во светското првенство во Ice Cross Downhill, односно екстремен спуст на лигалки, кое популарно е наречено Red Bull Crashed Ice. Ова беше јубилејна 50. трка од светското првенство, но воедно прва во Азија, при што Неш извојува победа со импресивна трка од почеток до крај по брзата ледена патека во Јокохама, Јапонија. Канаѓанецот Кајл Кроксал заврши како втор, а Максвел Дан (САД) го зграпчи третото место на почетокот од летечкиот старт на деветтата сезона...
Светското првенство во Ice Cross Downhill или екстремен спуст на лизгалки, ја започнува својата сезона 2018/2019 со својата премиерна трка во Азија, закажана за вториот викенд од декември во Јапонија.
Во битка за титулата која се реши во последната рунда од сезоната, чешкиот пилот Мартин Шонка ја освои првата титула во светското првенство Red Bull Air Race во неговата кариера, а воедно стана и прв пилот кој успеал во тоа од неговата татковина. Во финишот на финалето од оваа сезона, одржано на автодромот „Тексас Мотор Спидвеј“ во Форт Ворт, САД, Мат Хол од Австралија му се придружи на Шонка на подиумот во генералниот пласман како второпласиран, додека американскиот пилот Мајкл Гулијан го освои третото место. Кирби Чемблис од Тексас и даде уште поголема причина за радост на дваесетилјадната домашна публика со искачување на подиумот на трката...
Едно од најубавите македонски ора, Пајдушкото, се играше за време на полувремето во НБА лигата, на натпреварот помеѓу Вашингрон Визардс и Кливленд Кавалирс кој се одржа во Capital One Arena во Вашингтон на 14.11.2018 година. Турскиот ансамбл Карделен беше организатор на овој невообичаена изведба за американската публика, а Македонката...
Поминаа 15 години од првата трка на Red Bull Air Race во Зелтвег?? Австрија, но за само неколку дена светскиот шампионат се враќа на своите корени на нова локација која има длабоко значење за европската авијациска заедница: Виенер Нојштад. Со само три три до крајот, врвните тројца пилоти на табелата се со само шест поени разлика, септемвриската акција во Австрија може да биде точка на кулминација за идниот светски шампион...
Дваесетгодишниот Фидан Арсовски од Куманово, студент на Факултет за физичко образование, спорт и здравје во Скопје е еден од учесниците на 11. ултра-маратон во чест на Тоше, кој се одржа од 12 до 16 октомври, а се трчаше од Нова Градишка, Република Хрватска до Крушево, поточно 420 километри.
Неговата појава изгледа застрашувачки, а мускулите нереално... Привлечно или претерано?
Во деновите пред репрезентативниот фудбалски натпревар со Лихтенштајн, Верните навивачи на македонската репрезентација ќе можат да се пробаат во дриблинг вештини со Климент и Петар, а од Анастазија да купат билет за натпреварот Македонија - Лихтенштајн на посебен пулт поставен на плоштадот „Македонија“ во Скопје...
Мајкл Гулијан едвај ги задржа солзите кога стана првиот американскин пилот од Red Bull Air Race кој го запиша своето име на листата победници на легендарниот автодром во Индијанаполис. На второ место, Канаѓанецот Пит Меклеод го освои својот прв подиум во 2018, додека Николас Иваноф од Франција исто така се искачи на подиумот на третото место. Сега останува уште финалето на сезоната на светското првенство во Форт Ворт, Тексас.
Дарко Јовановски ја реализираше освоената награда во акцијата „Пат под нозе“ организирана од Ред Бул, со што стана првиот Македонец кој тестираше болид на Формула 4 на автодромот во Шпилберг, кој воедно е домаќин на трките од Формула 1 и Мото ГП...