Американскиот пилот Гулијан ги бакна тулите за победата во Индијанаполис

Мајкл Гулијан едвај ги задржа солзите кога стана првиот американскин пилот од Red Bull Air Race кој го запиша своето име на листата победници на легендарниот автодром во Индијанаполис. На второ место, Канаѓанецот Пит Меклеод го освои својот прв подиум во 2018, додека Николас Иваноф од Франција исто така се искачи на подиумот на третото место. Сега останува уште финалето на сезоната на светското првенство во Форт Ворт, Тексас.

amerikanskiot-pilot-gulijan-gi-bakna-titulite-za-pobedata-vo-indianapolis-1.jpg

Индијанаполис, (САД) - Победата на Гулијан пред публика од над 40.000 домашни навивачи во тркачкиот викенд беше тешко извојувана, особено откако едвај влезе во првата рунда во неделата како „најбрз губитник“. Според правилата, во првата рунда сите 14 пилоти се натпреваруваат во директен двобој според пласманот на квалификациите, по што на седумте победници од тие двобои им се приклучува „најбрзиот губитник“, односно пилот кој има најдобро време за еден круг на патеката од седумте елиминирани. Во меѓувреме, неговите двајца преостанати ривали за светската титула, чешкиот пилот Мартин Шонка и Австралијанецот Мат Хол - потфрлија, зашто Американецот Кирби Чемблис го елиминираше Шонка во првата рунда, а Хол удри во воздушен столб во втората рунда на осумте најдобри. Меѓу финалните четворица, Гулијан беше многу сигурен со време од 1:06.208. Канаѓанецот Меклеод, опасна закана како третопласиран во 2016 година, леташе добро, но изгуби време на патеката, па заврши повеќе од половина секунда зад пресреќниот Американец.

- Ова е голем ден. Во моментов, оваа сезона не ми значи ништо, зашто најслатка е победата во Инди,- рече Гулијан, а неговите емоции беа видливи кога сфати дека ќе може да ги бакне познатите тули на патеката  како хероите на Индијанаполис 500 од неговото детство. Патеката која некогаш била направена со таква подлога, поради тоа има и прекарот „брикјард“. - Понекогаш едноставно имате успешен ден, денес се случи тоа за мене. Прекрасно е чувството да се победи овде. Последната трка во Виенер Нојштад (каде што заврши како дванаесетти) беше далеку од ова, како што денеска се случи за Мат и Мартин. Сите сакаа борба до крај за светското првенство, и тоа и ќе добијат!

amerikanskiot-pilot-gulijan-gi-bakna-titulite-za-pobedata-vo-indianapolis-2.jpg

Откако се лизна на третото место во генералниот пласман, резултатот на Гулијан од Индијанаполис повторно го вивна до врвот на табелата со 70 поени, додека Шонка сега е втор со 65, а Хал трет со 63 поени. Со само седум поени меѓу првото трио, само една работа е сигурна - на финалето на сезоната во Форт Ворт, Тексас овој ноември некој од нив ќе биде крунисан за првпат како шампион на светското првенство Red Bull Air Race.

Гледајте ја пресметката која ќе го реши светското првенство на 18 ноември. За повеќе информации за билети и сите новости, посетете ја веб-страницата www.redbullairrace.com.

Резултати (Индијанаполис 2018): 1. Мајкл Гулијан (САД), 2. Пит Меклеод (Канада), 3. Николас Иванов (Франција), 4. Бен Марфи (Велика Британија), 5. Кристијан Болтон (Чиле), 6. Мат Хол (Австралија), 7. Хуан Веларде (Шпанија), 8. Кирби Чемблис (САД), 9. Мика Бражо (Франција), 10. Мартин Шонка (Чешка), 11. Матијас Долдерер (Германија), 12. Јошихиде Муроја (Јапонија), 13. Петр Копфстајн (Чешка), 14. Франсоа Ле Вот (Франција).

Табела (по седум трки): 1. Мајкл Гулијан (САД) 70 поени, 2. Мартин Шонка (Чешка) 65 поени, 3. Мат Хол (Австрија), 4. Мика Бражо (Франција) 36 поени, 5. Јошихиде Муроја (Јапонија) 34 поени, 6. Пит Меклеод (Канада) 27 поени, 7. Кирби Чемблис (САД) 25 поени, 8. Бен Марфи (Велика Британија) 22 поени, 9. Франсоа Ле Вот (Франција) 21 поен, 10. Николас Иванов (Франција) 20 поени, 11. Хуан Веларде (Шпанија) 20 поени, 12. Матијас Долдерер (Германија) 17 поени, 13. Петр Копфстајн (Чешка) 16 поени, 14. Кристијан Болтон (Чиле) 12 поени.

Би можело да ве интересира:

Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Поради синот со аутизам одбил неколку клуба, се бори за светска титула - Шпанскиот фудбалер Марк Кук... „Не беше среќен ни во градинка, често беше вознемирен, не се прилагодуваше. Ќе п...
Растура на Светско, го нарекуваат „викинг“: Кој е норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд, што стана хит м... Ерлинг Халанд веќе важи за најдобриот фудбалер од Норвешка, но благодарение на С...
Французинот кој трча и менува јакни е вистински хит на Олимпијадата - Што знаеме за Беноа Ришо? Оваа зимска Олимпијада донесе многу интересни моменти, спортски подвизи кои ќе с...
ЕМОФ Скопје 2025: Бреслиева остана без медал во таеквондо, Смилев осми во финалето на К1-слалом На четвртиот натпреварувачки ден, двете македонските репрезентации во Баскет 3х3...
Македонија оди на Светско! Ракометарите десетти пат се изборија за пласман за најголемото натпревару... Македонската ракометна репрезентација повторно нè направи горди! Момците на Кире...

Најчитани неделава