Златниот јубилеј му донесе триумф на Неш во азиската деби трка!

Јокохама, Јапонија - Американецот Камерон Неш победи на првата трка од деветтата сезона во светското првенство во Ice Cross Downhill, односно екстремен спуст на лигалки, кое популарно е наречено Red Bull Crashed Ice. Ова беше јубилејна 50. трка од светското првенство, но воедно прва во Азија, при што Неш извојува победа со импресивна трка од почеток до крај по брзата ледена патека во Јокохама, Јапонија. Канаѓанецот Кајл Кроксал заврши како втор, а Максвел Дан (САД) го зграпчи третото место на почетокот од летечкиот старт на деветтата сезона.

zlatniot-jubilej-mu-donese-triumf-na-nesh-vo-aziskata-debi-trka-01.jpg

Бранителот на титулата Скот Кроксал (Канада) беше исфрлен од конкуренција во четвртфиналето на предизвикувачката патека од 350 метри преполна со нерамнини од кои на лизгачите „им се тресат коските“, скокови и бранови, па заврши на разочарувачкото деветто место во трката која се одржа близу токискиот залив, пред познатиот мост Јокохама Беј Бриџ. Неразумно топлото време цела недела ги отежуваше условите за тркање за лизгачите и организаторите. Но системот за ладење на мразот и напорната работа од екипата покрај патеката создадоа супериорни услови за педесеттата трка од Red Bull Crashed Ice.

- Овде е жешко, а ние не сме навикнати на вакви високи температури-, рече исцрпениот Неш, кој освои два шампионати во Ice Cross Downhill пред Кроксал да му ја грабне титулата за 2017/2018 година во најбрзиот светски спорт на лизгалки. - Многу сум гладен за да си ја вратам светската титула. Прекрасно е да се тркате овде, во Азија. Сите се многу пријателски расположени и направија супер настан,- рече победникот за стартот на новата сезона.

Во женското натпреварување, Американката Аманда Транзо го презеде водството од аголот на врвот од патеката и не погледна назад, со што има големи шанси за одбрана на својата титула. Канаѓанката Жаклин Лежер беше втора, а Мирјам Трепание го освои третото место.

Фаворитот Лука Далаго од Австрија беше елиминиран уште во рундата 64. Другите лизгачи како Герман Титов од Русија, кој заврши како шести, беше исфрлен во фото-финиш од Американецот Максвел Дан, речиси за сантиметар, благодарение на подобрената форма.

- Сите се со разлика од делче од секундата,-  рече победникот Неш во врска со близината на резултатите на трката. - Сите работеле многу напорно во текот на летото и станале подобри.

Натпреварувачите како Швеѓанецот Ричард ван Вијхе (седмо место) и швајцарскиот лизгач Кевин Скибоз (осмо место), имаа импресивни настапи на почетокот од сезоната и брзо се движат кон врвот.

zlatniot-jubilej-mu-donese-triumf-na-nesh-vo-aziskata-debi-trka-02.jpg

Во Ice Cross Downhill, спортистите се натпреваруваат по 350 метри долга патека од вештачки мраз со пречки, во групи од четворица, со брзини до 80 километри на час. Првите двајца напредуваат во следната рунда, додека конечно не останат само четворица во финалето на овој екстремен тест на издржливост, кондиција и изложување на природните елементи.

Резултати (мажи): 1. Камерон Неш (САД), 2. Кајл Кроксал (Канада), 3. Максвел Дан (САД), 4. Мирко Лахти (Финска), 5. Марко Далаго (Австрија), 6. Герман Титов (Русија), 7. Ричард ван Вијхе (Шведска), 8. Кевин Сцибоз (Швајцарија), 9. Скот Кроксал (Канада), 10. Паком Шмит (Франција).

Резултати (жени): 1. Аманда Транзо (САД), 2. Жаклин Лежер (Канада), 3. Мирјам Трепание (Канада), 4. Верника Виндиш (Австрија), 5. Тамара Кајах (Канада), 6. Јунко Јамамото (Јапонија), 7. Кејси Руни (САД), 8. Саманта Меувисен (САД), 9. Анаис Моранд (Швајцарија), 10. Амандин Кондроје (Франција).

Би можело да ве интересира:

Перо Антиќ се врати во Атланта: Во клубот го пречекаа како ѕвезда, се дружеше со Богдан Богдановиќ „Перо - македонската мамба“, напишаа фановите Перо Антиќ на официјалната Инстагр...
Секоја чест! Македонката Катерина Ацевска е европска вицешампионка во џиу-џицу Македонија има убави вести за славење, нашата Катерина Ацевска го освои сребрени...
Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина Грчкиот главен град Атина викендов ќе биде домаќин на првиот турнир од Светската...
Браво! Бодибилдерката Мери Акиевска трета година по ред ѝ донесе злато на Македонија (видео) „По третпат успеваме заедно да ја одбраниме оваа преголема титула“ – порача на И...
Машката сениорска карате репрезентација доби признание за врвен спортски резултат Репрезентативците на сениорскиот карате тим на Македонија кои освоија бронзен ме...
Kаратистите на „Макпетрол“ освоија шест медали на Балканското првенство во Тирана На сениорското балканско карате првенство, што во Тирана се одржа од 22 до 24 се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg