9 причини зошто скијањето е најдоброто нешто што може да го направите за своето тело

Во ладните зимски денови можеби немаме премногу избор за забавни активности, но многумина ќе се согласат дека скијањето е и повеќе од доволно. Ова е спорт и рекреација за луѓе на секоја возраст и претставува физичка активност која е добра не само за телото, туку и за умот.

9-pricini-zosto-skijanjeto-e-najdobroto-nesto-za-vaseto-telo-01.jpg

Скијањето има позитивно влијание на срцето и крвната циркулација, мускулите, но постојат уште неколку добри причини зошто ќе посакате да ја облечете соодветната опрема и да се најдете на снегот:

Ја подобрува проприоцепцијата

Проприоцепцијата е механизам на автоматска осетливост во телото кој испраќа пораки низ централниот нервен систем (ЦНС), а централниот нервен систем потоа пренесува информации до останатите делови од телото како истите реагираат и со колкава тензија и напор се овозможува нивното придвижување.

Со други зборови, кога ја држите раката пред вашите очи, иако тие се затворени, вие знаете дека таа е позиционирана таму, иако не можете да ја видите.

Скијањето вклучува рамнотежа и координација, а во текот на скијањето мора да бидете свесни за многуте движења на сопственото тело доколку сакате да се одржите на нозе.

Проприоцепцијата е нешто што слабее со текот на годините, но колку повеќе вклучувате вакви типови на активности, толку позабавено таа ќе се намалува.

Ги зајакнува коските и зглобовите

Вашите колена треба да се во состојба да го издржат целиот напор и тежината на телото додека се спуштате по патеките. На тој начин тие се зајакнуваат, додека скијате. Освен колената, и коските стануваат поцврсти, па на овој начин може да ја спречите остеопорозата.

Го поправа расположението

Освен што скијањето ја зголемува вашата среќа и благосостојба и е корисно за физичкото и менталното здравје, тоа, слично како и секоја физичка активност, ослободува ендорфини и хормони на среќата, па ќе бидете прилично задоволни од себеси и животот.

Ја зголемува кардиоваскуларната издржливост

Како вид на аеробна активност, скијањето подразбира издржливост. Воедно, помага во согорувањето на калориите и губењето на килограмите. Освен тоа, скијањето е одлична кардиоваскуларна вежба за почетниците кои започнуваат да „одат“ по падините, наместо да ја користат жичарницата.

Ги зајакнува мускулите на долниот дел од телото

Со оглед на фактот што додека скијате сте во „чучната“ положба, оваа позиција делува на бедрата, квадрицепсите и задникот. Додека се спуштате низ падините можеби чувствувате дека нозете ви „горат“, но следните неколку денови ќе ја почувствувате разликата во телото.

Го подобрува сонот

По долгото скијање на патеките ќе бидете исцрпени на најдобриот можен начин. Ќе немате сила ниту да проверите што се случува на социјалните мрежи, бидејќи во моментот кога ќе ја допрете главата на перницата, веднаш ќе заспиете во длабок и мирен сон.

Ја зголемува флексибилноста

Дури и да не сте премногу флексибилни, скијањето може да го подобри ова. Со зголемената флексибилност ќе може да го избегнете преголемото напрегање на мускулите. Темелното и редовното истегнување ќе ги зајакне и вашите стомачни мускули и колковите, кои се битни за скијањето.

Поттикнува здрави прехранбени навики

Кога ќе се разбудите после напорниот и долг ден исполнет со скијање, вашето тело ќе ви побара храна која е полна со здрави нутриенти и енергија. На тој начин дури и несвесно ќе почнете да внесувате повеќе протеини и здрави масти, како и овошје и зеленчук, а многу помалку шеќери.

Природно здрав, исончан тен

Денот поминат на снежно белите патеки исполнет со скијање ќе ви помогне да заборавите на секојдневниот стрес. Исто така, ќе бидете изложени на сонце, па ќе апсорбирате витамин Д кој влијае позитивно на расположението.

Ќе добиете здрав и прилично нежен исончан тен, но секако не заборавајте на кремот за сончање, иако температурите се под нулата.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Норвешки олимпиец во живо призна дека ја изневерил девојката и се расплака: „Се надевам ќе ми прости... „Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а можеби денес не ме гледа. Пред...
Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ... По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Обвинувања за украден дечко, јавни навреди - Како Серена Вилијамс и Марија Шарапова од ривалки стана... Пред само неколку дена руската тенисерка Марија Шарапова влезе во Куќата на слав...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Жените „полудеа“ по згодниот голман на Нигерија - Што знаеме за Мадука Окоје? Иако мами воздишки со изгледот, неговата професионална кариера е полна со контро...

Најчитани неделава