Ја обвинија дека си ги убила децата, помина 20 години во затвор – Која е Кетлин Фолбиг која била неправедно осудена?
По само седум недели судење, било докажано дека Кетлин ги задушила своите четири деца во моменти кога била исфрустрирана од нивното плачење, а таа тврдеше дека сите 4 деца починале од природни причини и ги отфрли сите пишувања во нејзиниот дневник.

Првично Кетлин доби казна од 40 години затвор, со можност за барање условна казна по 25 години. Нејзините жалби со години беа одбивани сѐ до сега, кога новите медицински сознанија дадоа можност да се забележат генетските промени кај телата и да се увиди дека децата навистина починале од природни причини.

Било докажано дека двата сина имале генетски промени што можат да предизвикаат силни епилептични напади, додека кај двете девојчиња имало генетски промени што предизвикуваат срцев застој. Токму заради тоа, денес се верува дека сите 4 деца починале од Синдром на ненадејна смрт кај новороденчиња.

Нејзиниот дневник, пак, денес се смета дека бил начин на мајката да се справи со силните емоции со коишто се соочувала додека тагувала по загубата за нејзините деца.

Откако помина 20 години во затвор, владата во Австралија јавно ѝ се извини за неправдата што ѝ е нанесена, а се очекува таа да добие и паричен надомест за погрешното обвинение.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура...
Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо...
23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и...
„Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“
„Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо...
Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она...
Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...