Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Користеше стероиди, се плашеше од инфаркт: Кој е познатиот бодибилдер од Германија што почина на само 30 години?

Бодибилдерот Џо Линднер, кој самиот имаше изјавено дека во минатото користел стероиди, почина на само 30 години од аневризма. Претходно тој спомна дека се плаши од инфаркт поради напорните тренинзи како и дека има проблеми со здравјето бидејќи користел терапија со тестостерон.

poznat-bodibilder-pochina-na-samo-30-godini-otvoreno-koristeshe-steroidi-se-plasheshe-od-infarkt-poradi-napornite-treninzi-01.jpg

Џо Линднер од Германија беше популарен бодибилдер и инфлуенсер со над 9 милиони следбеници. Но, она што го направи познат најверојатно беше и причината за неговата прерана смрт.

Џо почина викендов, на само 30-годишна возраст, и тоа од аневризма – проширување на артерија. Тажните вести ги потврди неговата девојка.

poznat-bodibilder-pochina-na-samo-30-godini-otvoreno-koristeshe-steroidi-se-plasheshe-od-infarkt-poradi-napornite-treninzi-06.jpg

Џо, кој на социјалните мрежи е познат Joesthetics, стана познат благодарение на неговата посветеност на вежбањето.

Инфлуенсерот одеше до крајности за да го дефинира своето тело, а честопати споделуваше и совети за вежбање и исхрана.

poznat-bodibilder-pochina-na-samo-30-godini-otvoreno-koristeshe-steroidi-se-plasheshe-od-infarkt-poradi-napornite-treninzi-04.jpg

Можеби најморничаво е што кратко пред смртта, Џо изрази загриженост дека можеби ќе добие инфаркт од претераното вежбање.

Покрај тоа, само еден ден пред неговата девојка да ги соопшти тажните вести, инфлуенсерот откри дека почнал да користи терапија со тестостерон која се користи за да се нормализира нивото на хормонот во телото.

poznat-bodibilder-pochina-na-samo-30-godini-otvoreno-koristeshe-steroidi-se-plasheshe-od-infarkt-poradi-napornite-treninzi-09.jpg

Во Инстаграм објава, тој зборува за сериозните последици од терапијата, но и другите проблеми со здравјето со коишто се соочил.

Имено, Џо наеднаш престанал да ги користи продуктите што ги консумирал за да го дефинира своето тело и го намалил интензитетот на вежбање, кога му се јавила хормоналната нерамнотежа.

„Кога ја изгубив формата на телото бидејќи престанав да користам сè, не можев да си го средам нивото на тестостерон во телото, па почнав да примам терапија.

Верувајте ми пробав да престанам, бидете свесни дека оваа терапија може да има долгорочни последици на вашиот живот. Терапијата бара голема посветеност, имајте го тоа на ум“.

Во објавата, Џо ги советува следбениците дека можат да изгледаат добро и без користење супстанции.

„Генерално, овој пост треба да ви покаже дека можете да изгледате одлично и природно, само треба да бидете во форма!“

poznat-bodibilder-pochina-na-samo-30-godini-otvoreno-koristeshe-steroidi-se-plasheshe-od-infarkt-poradi-napornite-treninzi-11.jpg

Во интервју со јутјуберот Бредли Мартин направено кратко пред смртта, Џо зборува за неговите стравови од инфаркт.

Поради интензивните тренинзи, Џо имал ретка болест поради која неговите мускули станале премногу чувствителни на движење или притисок. Од болеста, на мускулите се јавуваат болни грчеви.

„И срцето е мускул, ова ми е најголем страв бидејќи ако ме фатат лоши грчеви, можат да влијаат и на срцето. Ова ме плаши. Затоа намалив со натпреварите за бодибилдинг.

Кога се натпреварував, користев диуретици, не јадев сол и пиев многу вода. Потоа престанував да пијам вода и исфрлав сè од организмот, па земав диуретик за да исфрлам уште повеќе работи. Искрено, не можам ни да одам како што треба“, изјави бодибилдерот.

poznat-bodibilder-pochina-na-samo-30-godini-otvoreno-koristeshe-steroidi-se-plasheshe-od-infarkt-poradi-napornite-treninzi-03.jpg

Девојката на Џо откри дека неколку дена пред смртта, тој ѝ се пожалил на болка во вратот.

„Вчера (01.07) Џо почина од аневризма. Јас бев со него во собата. Ми го стави ланчето што го направи за мене. Потоа само се гушкавме… Беше во моите раце …

Ова се случува пребрзо. Пред три дена ми кажуваше дека чувствувал болка во вратот. Не сфативме колку е сериозно, сè додека не беше предоцна“.

poznat-bodibilder-pochina-na-samo-30-godini-otvoreno-koristeshe-steroidi-se-plasheshe-od-infarkt-poradi-napornite-treninzi-07.jpg

Претходно Џо самиот имаше изјавено дека користел стероиди и слични супстанции за подобрување на перформансот. Сепак, повеќепати истакнуваше дека жали што користел хемија и им порачуваше на следбениците дека можат да изгледаат добро и природно.

poznat-bodibilder-pochina-na-samo-30-godini-otvoreno-koristeshe-steroidi-se-plasheshe-od-infarkt-poradi-napornite-treninzi-05.jpg

Стероидите и сличните супстанции можат да бидат опасни по живот доколку се земаат без консултација со лекар. Ова го има изјавено и најпознатиот бодибилдер на светот – Арнолд Шварценегер.

„Бодибилдингот отсекогаш се сметал за безбеден спорт. Но, сега не е. Сега луѓето умираат – умираат бидејќи се предозираат со супстанциии не ни знаат што прават.

Слушаат луѓе кои ги лажат“, има изјавено актерот, додавајќи дека за медицински совети и совети за користење стероиди и слични супстанци, треба да одите на лекар.

poznat-bodibilder-pochina-na-samo-30-godini-otvoreno-koristeshe-steroidi-se-plasheshe-od-infarkt-poradi-napornite-treninzi-08.jpg

Засега нема официјални информации дали смртта на Џо е поврзана со хормонската терапија, користењето стероиди во минатото или нешто друго.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шпанска актерка на 68 години со сперма од починатиот син и сурогат мајка доби внука - сега ѝ го прос... Ана Обрегон (70) има повеќе од 1 милион следбеници на Инстаграм со кои споделува...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Потег за восхит: Бразилец посадил 40.000 дрвја во Сао Паоло и направил зелена оаза среде градот (фот... Бизнисмен од Бразил поминал 20 години садејќи дрвја покрај брегот на река во Сао...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Бизарно откривање на пол: 63-годишна жена и 26-годишниот сопруг чекаат дете од сурогат мајка Шерил од САД има 63 години, а нејзиниот сопруг има 26. Тие очекуваат дете од сур...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg