„Ми ја запали облеката кога реков дека ќе го оставам“: Бившата сопруга на вистинскиот волк од Волстрит со нови детали од бурниот брак

„Му реков дека ќе го оставам ако не оди на рехабилитација. Тогаш ми ја запали облеката. Ја фрли во каминот. Ми се закани дека ќе ми ја земе ќерката, па ме турна по скалите“, открива Надин, поранешната сопруга на богаташот Џордан Белфорт за кого светот дозна од филмот The Wolf of Wall Street.

mi-ja-zapali-oblekata-koga-rekov-deka-kje-go-ostavam-bivshata-sopruga-na-volkot-od-volstrit-so-novi-detali-od-burniot-brak-01.jpg

Светот дозна за Џордан Белфорт благодарение на филмот на Мартин Скорсезе – The Wolf of Wall Street – со Марго Роби и Леонардо ди Каприо во главните улоги.

Џордан е милионер кој го стекна богатството со помош на криминал, поради што помина и 22 месеца во затвор.

Тој можеше да добие и многу поголема казна, но направи договор да откаже дел од неговите партнери кои учествувале во криминалот.

mi-ja-zapali-oblekata-koga-rekov-deka-kje-go-ostavam-bivshata-sopruga-na-volkot-od-volstrit-so-novi-detali-od-burniot-brak-08.jpg

Покрај него, ликот кој привлекува внимание во филмот е оној на Марго Роби, односно втората сопруга на Белфорт.

Нивниот брак е добро прикажан во самиот филм – на почетокот бајковит, но подоцна исполнет со караници и безброј неверства од страна на милионерот.

Џордан и втората сопруга Надин Макалусо се венчале во 1991-ва, а се развеле во 2005 година, од очигледни причини.

По разводот, Надин, инспирирана од сопствените трауми, станала брачен советник и семеен терапевт.

mi-ja-zapali-oblekata-koga-rekov-deka-kje-go-ostavam-bivshata-sopruga-na-volkot-od-volstrit-so-novi-detali-od-burniot-brak-05.jpg

Истовремено, таа го обвинува богаташот за физичко и ментално малтретирање, кое само било влошено поради неговата зависност од дрога.

Изминативе неколку месеци, 55-годишната Надин почна да привлекува внимание на ТикТок со нови (бизарни) детали од бракот со проблематичниот Белфорт.

Целта на Надин е да им помогне да жените и девојките во токсични врски да си ја вратат самодовербата и да се спасат од таквите партнери.

Во едно видео, таа открива како Џордан реагирал кога му кажала низ што сè поминала поради него.

mi-ja-zapali-oblekata-koga-rekov-deka-kje-go-ostavam-bivshata-sopruga-na-volkot-od-volstrit-so-novi-detali-od-burniot-brak-12.jpg

Откако се развеле и Џордан излегол од рехабилитација, тие отишле во ресторан.

Надин му рекла:

„Џордан, она што го трпев со твојата зависност и малтретирањето беше многу тешко. Беше трауматично“.

На ова, Џордан ѝ одговорил: „Не беше толку лошо“.

mi-ja-zapali-oblekata-koga-rekov-deka-kje-go-ostavam-bivshata-sopruga-na-volkot-od-volstrit-so-novi-detali-od-burniot-brak-06.jpg

„Во тој момент, срцето ми се затвори. Неговата бесчувствителност и незаинтересираноста за болката што ми ја предизвика беше полошо од малтретирањето“, вели Надин во видеото.

mi-ja-zapali-oblekata-koga-rekov-deka-kje-go-ostavam-bivshata-sopruga-na-volkot-od-volstrit-so-novi-detali-od-burniot-brak-02.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Јас сум експерт за интимни односи и сум спиела со повеќе од 400 клиенти - Како изгледа мојата работ... „Мојот прв клиент беше неверојатна личност која цел живот се чувствувала многу с...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
„Јас сум горда спонзоруша, сакам богати мажи кои ќе се грижат за мене - и таков партнер си избрав“ „Ако тоа што сакам партнерот добро да се грижи за мене и да ме разгалува, ме ети...

Најчитани неделава