Девојка со редок синдром руши предрасуди - Луѓето ја нарекувале „чудовиште“, си ги миеле рацете ако ја допрат

Поради болеста од која страда тиктокерката Кавана, видот постојано ѝ се намалува, лицето ѝ се деформира, а усните ѝ се зголемуваат без престан. Луѓето ја нарекуваат „чудовиште“ и се плашат да ја допрат. Но, многу од следбениците на ТикТок ја поддржуваат нејзината храброст да зборува за болеста и се интересираат за нејзините предизвици во животот.

tiktokerka-strada-od-redok-sindrom-lugeto-ja-narekuvaat-cudoviste-i-si-gi-mijat-racete-otkako-ke-ja-doprat-01.jpg

23-годишната тиктокерка Кавана Дандара од Бразил боледува од редок синдром познат како Барбер-сеј. 

Со оваа ретка состојба досега се родени само дваесет луѓе ширум светот, а таа е прва и единствена личност во Бразил што ја има болеста.

Пред неколку месеци, оваа храбра млада жена отворила профил на ТикТок, не знаејќи дека за брзо време ќе стекне голема популарност.

Поради сите тешкотии што ги доживеала во животот, не ни сонувала дека некогаш луѓето ќе го поддржат нејзиниот труд и ќе бидат заинтересирани за нејзиниот живот.

@dandaramelo22

♬ Vem com a Tropa do Tubarão Tu Tu Tu Tu Tubarão - Dj LK da Escócia & MC Ryan SP & MC Pânico

Еден од најголемите проблеми што го предизвикува овој синдром е поврзан со очите.

Кавана вели дека има потешкотии да гледа при силна светлина и дека има направено повеќе од дваесет операции за да го одржи видот. 

Оваа состојба, која е ретка и недоволно истражена, претставува значаен предизвик за неа, но таа не се откажува и продолжува да се бори со сите сили.

Покрај проблемите со видот, синдромот Барбер-сеј го деформира и лицето. Усните постојано растат и ќе продолжат да растат во текот на целиот живот. 

Оваа карактеристика ја прави уште поуникатна, но ѝ носи и дополнителни физички предизвици со кои се соочува.

Покрај сите тешкотии и препреки, таа се соочува и со непријателските ставови и предрасуди на луѓето околу неа.  Многумина ја нарекуваат „чудовиште“ поради нејзината состојба. 

Нејзината борба за прифаќање и разбирање од општеството е исклучително инспиративна, а нејзината храброст во соочувањето со пречките несомнено е инспирација за сите нас.

 

@dandaramelo22

@cariocaaa

♬ BONEKINHA - Gloria Groove

Како што раскажува во своите видеа, луѓето понекогаш избегнуваат да ја допираат или одат да си ги измијат рацете откако ќе се поздрават со неа.

Ова е уште еден пример за тоа колку се нема почит и разбирање за поразличните од нас, но таа останува цврста во својата борба да ги промени овие предрасуди и да ги заштити нејзините основни човекови права.

Со своите храброст и отвореност на ТикТок, оваа млада жена помага да се подигне свеста за ретките состојби како што е синдромот Барбер-сеј, ги поттикнува другите луѓе да бидат посамоуверени и да ја прифатат нивната различност, без оглед на предрасудите на општеството.

Кавана морала да изоди тежок пат за да дојде до оваа самодоверба која ја поседува денес. Како мало девојче се соочувала со тешки моменти кои едвај ги поднесувала.

Но, со текот на времето, Кавана се променила, станала поотпорна и научила да се носи со својата ретка состојба.

„Кога бев мала, не можев да ги поднесам таквите ситуации. Но, сега работите се сменија. Се навикнувам на мојот проблем кој го имам од раѓање", вели Кавана. 

Нејзиниот карактер и сила се развивале како што растела, а денес се гледа себеси како силна жена која не дозволува таквите ситуации да ја обесхрабрат.

Уште од самото раѓање, Кавана редовно одела на лекар.

Она што е особено важно е тоа што нејзиниот доктор е исклучително горд на неа и начинот на кој ја прифатила својата состојба, како и на начинот на кој се соочува со луѓето кои ја навредуваат.

tiktokerka-strada-od-redok-sindrom-lugeto-ja-narekuvaat-cudoviste-i-si-gi-mijat-racete-otkako-ke-ja-doprat-03.jpg

ТикТок станал важен дел од нејзиниот живот и има силно и позитивно влијание врз неа. 

Таа истакнува дека најважна ѝ е поддршката што ја добива од нејзините следбеници на таа платформа. 

Нивната поддршка претставува извор на сила и мотивација за таа да продолжи да се бори против предрасудите и да промовира прифаќање на различностите. 

Нејзиниот пример јасно ја покажува важноста на самоприфаќањето и борбата против предрасудите и како индивидуалната сила и поддршка се од огромно значење во борбата со предизвиците што ни ги задава животот.

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
„По 8 спонтани абортуси конечно добив син – сопругот ја продаде колекцијата патики за да платиме ин-... „Не бев сигурна дека некогаш ќе добијам бебе, а сега го држам во раце“ – вели же...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg