Бебе се роди во авион среде лет кон Брисел: „Со жена ми бевме на тој лет – секоја чест за тимот“

„Беше посебен момент кога екипажот рече – имаме нов патник на летот“ - Кратко по полетувањето од Дакар кон Брисел, патничка во 32-ра недела принудно морала да се породи во авион, со помош на стјуардеса, медицинска сестра со минимално искуство и млад доктор кој се нашол на летот. Бебето доби уникатно име.

bebe-se-rodi-vo-avion-srede-let-kon-brisel-so-zhena-mi-bevme-na-toj-let-sekoja-chest-za-timot-01.jpg

Од авиокомпанијата Flying Brussels денес споделија интересна вест – за време на нивниот лет од Дакар кон Брисел, бремена патничка принудно се породила.

„Кратко по полетувањето, нашата неверојатна Џенифер, член на екипажот, заедно со тазе дипломирана медицинска сестра и доктор кои беа на летот, помогнаа да се роди оваа мала радост.

Беше вистински пример за тимска работа, грижа и неверојатни моменти кои се случуваат во небото. Добре дојде на светот, мала Фанта.

Се надеваме дека еден ден ќе ни бидеш повторно патник“ – напишаа од авиокомпанијата на Инстаграм.

Под нивната објава на социјалните мрежи, коментирал патник кој бил присутен на летот и го споделил своето искуство:

„Јас и мојата сопруга бевме на тој лет. Честитки до екипажот и до прекрасната објава која гласеше – Имаме нов мал патник на летот. Посебен момент!“.

bebe-se-rodi-vo-avion-srede-let-kon-brisel-so-zhena-mi-bevme-na-toj-let-sekoja-chest-za-timot-02.jpg

Трудницата од Сенегал била во 32-та недела од бременоста, а на почетокот на летот добила силни породилни болки, па екипажот ја однел во задниот дел за да може да има поприватни моменти.

За среќа, на летот имало медицинска сестра, 22-годишна девојка со многу малку искуство бидејќи добила лиценца 2 недели претходно, но решила да даде сè од себе и да помогне, а и се приклучил и млад доктор кој бил меѓу патниците.

Кога увиделе дека на жената ѝ пукнал воденикот, пилотот веднаш завртел да се врати во Дакар за да се породи во болница, но не успеала да дочека и бебето се родило во авионот.

„Беше стресно, но помина добро. Се двоумев дали да се впуштам во тоа бидејќи немам многу работно искуство, но решив да помогнам.

Кога ја тргнавма настрана си помислив – се надевам нема да се породи тука. Почнавме да ѝ ги мериме контракциите, а кога видовме дека пукнал и воденикот, не можеше да се чека повеќе.

За среќа помина добро. Жената беше одлична. Се породи на под на авион без никакви лекови за болка“ – изјавила младата медицинска сестра за BrusselsMorning.

bebe-se-rodi-vo-avion-srede-let-kon-brisel-so-zhena-mi-bevme-na-toj-let-sekoja-chest-za-timot-03.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Љубовта на норвешкиот фудбалер Халанд - на девојката фудбалерка ѝ купи чанта од 380.000 евра, растел... Тие се моќно модно дуо, а нивната љубовна приказна е уникатна – се познаваат од ...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...
Маж и жена се свршија на врвот на Емпаер Стејт Билдинг, па ги уапсија (фото+видео) Ангела и Иван се познати „зависници од адреналин“ кои редовно се искачуваат на о...

Најчитани неделава