Жена од Малезија 6 години се грижела за сопругот врзан за кревет - закрепнал и ја оставил за друга

Кога на добра жена ќе ѝ се погоди лош и неблагодарен маж... Приказна од Малезија која ќе ве изреволтира.

zhena-od-malezija-6-godini-se-grizhela-za-soprugot-vrzan-za-krevet-zakrepnal-i-ja-ostavil-za-druga-01.jpg

Нурул Шазвани од Малезија шест години се грижела за нејзиниот сопруг, откако тој останал врзан за кревет, по тешка сообраќајна незгода.

Таа цело време посветено се грижела за него, а тој кога закрепнал се развел од неа и се оженил со друга жена.

Според пишувањата на магазинот „South China Morning Post“, тој се преженил во рок од една седмица по разводот.

Откако осамна оваа приказна во јавност, многумина го нарекоа неблагодарен и човек без срце.

zhena-od-malezija-6-godini-se-grizhela-za-soprugot-vrzan-za-krevet-zakrepnal-i-ja-ostavil-za-druga-02.jpg

Нурул стапила во брак со овој човек во 2016 година и по две години брак на далечина, тој доживеал незгода, според азиските медиуми.

За време на закрепнувањето Нурул ја презела комплетно грижата за него со дневна рутина како хранење преку цевче, менување пелени и асистенција при бањање.

Во 2019 година таа дури почнала да пишува ва ова искуство јавно на Фејсбук и собрала 33.000 следбеници.

„Во тој период се плашев и кога само ќе се накашла. Му правев рехабилитација секој ден, а дури и моето семејство доаѓаше да ми помага“.

Парот има син заедно.

Но, Нурул сподели фотографии од свадбата на некогашниот сопруг со новата избраничка и јавно му го честиташе бракот на сопругот.

zhena-od-malezija-6-godini-se-grizhela-za-soprugot-vrzan-za-krevet-zakrepnal-i-ja-ostavil-za-druga-04_copy.jpg

„Честитки на мојот ‘сопруг’. Се надевам дека ќе бидеш среќен со таа што ја избра. Аифа те молам добро чувај го, како што правев јас. Сега е твој ред“.

Откако објавата поттикна лавина од реакции, беше избришана од Нурул.

Потоа, таа откри дека официјално се развеле и дека и понатаму ќе ги извршуваат родителските обврски кон синот.

Дел од коментарите се охрабрување за Нурул дека добра жена како неа не заслужува таков неблагодарен маж.

zhena-od-malezija-6-godini-se-grizhela-za-soprugot-vrzan-za-krevet-zakrepnal-i-ja-ostavil-za-druga-03_copy.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...

Најчитани неделава