Двајцата го промениле полот, се венчале и имаат деца: „Ние сме нормални луѓе, а не чудаци“

Нивната сурогат мајка Лаура е самохрана мајка на две деца која живее во Ирска.

Сурогат мајките во Велика Британија не добиваат надомест за постапката, но трошоците за нивната бременост се искачуваат до 15 илјади фунти, пари кои ги обезбедува брачниот пар што ќе се грижи за детето.

Откако ги родила двете ќерки на Граф, Лаура буквално станала дел од семејството.

Џејк вели дека не сака неговите деца да бидат транс затоа што не сака да се соочуваат со истите проблеми како тој и неговата сопруга, а и многу е покомплицирано да основаат семејства.

Напротив, тој обожава кога неговата ќерка е облечена во розово, но сепак ќе ја поддржи во секоја одлука.

Исто така признава дека повеќето луѓе се љубезни кон нив, рамнодушни и кога се надвор луѓето ги гледаат само како мајка, татко и деца. Никој никогаш ништо не рекол пред децата.

Хана со својот струк и долгите нозе, изгледа женствено, но нејзиниот длабок глас често ја разоткрива како транс-жена.

Сопружниците имале многу тешко и анксиозно детство, затоа што никој не ги слушал додека се обидувале да објаснат дека не се чувствуваат пријатно во своето тело.

Хана како момче, а Џејк како девојка.

Мајката на Џејк денес во целост го поддржува својот син, а и му помогнала да плати 17.000 евра за замрзнување на неговите емброни кога имал 30 години.

Таа исто како и родителите на Хана, е опедната со внуките.

„Мили и Теди ќе знаат дека се создадени од чиста љубов - ништо друго не е важно“, вели Хана.

„Ќе дојде време кога ќе им ги објасниме околностите под кои се родени, но и дека нивните родители се трансродови. Децата ги разбираат работите на чист, едноставен начин, што не е случај со возрасните“, заклучува Хана.

С. Ш. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...
Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...

Најчитани неделава