Пожешки од кога било: Календарот на згодните австралиски пожарникари за 2024-та

Календарот со згодните австралиски пожарникари и овој пат мами воздишки, а жените не го кријат воодушевувањето од жешките фотки каде што се претставени како херои, но и позираат со животни.

pozaski-od-koga-bilo-01.jpg

Згодните австралиски пожарникари секоја година се фотографираат полуголи за познатиот календар - со домашни миленици или како гасат пожари, а парите од продажбата на календарите одат за хуманитарни цели.

Иако има повеќе од два месеца до Нова година, веќе се објавени неколку фотографии и видеа од календарите за 2024-та година.

Тие и овој пат измамија воздишки, а жените не го кријат воодушевувањето од жешките фотки на пожарникарите.

pozeski-od-koga-bilo-02.jpg

„Пожарникарите во мојот крај не изгледаат вака“, се пожали една жена, која на едно од видеата на Инстаграм остави коментар дека веќе ѝ стигнале порачаните календари.

Но, реакциите не се само од Австралија, туку од целиот свет:

pozeski-od-koga-bilo-03.jpg

„Дечки, може да ви се јавам ако избие пожар во Мадрид?“,

„Мислите дека ќе го убедам сопругот дека го купувам календарот затоа што обожавам мачиња?“,

„Горам! Малку сум далеку, во Бразил, ама ќе ги почекам да дојдат“,

„Ова е рајот, ама со многу оган“,

„Дали се реални? Мислам дека досега нè лажеле како навистина изгледаат мажите“,

„Ме интересира дали се зголеми бројот на пожари во Австралија откако луѓето знаат како изгледаат пожарникарите?“ се само дел од коментарите.

pozeski-od-koga-bilo-16.jpg

Во изданието за 2024 има шест различни календари.

Четири од нив се со слатки животни – кучиња, мачки, коњи и различни видови животни, но и класични пози и календар на кој пожарникарите се претставени како херои.

pozeski-od-koga-bilo-04.jpg

Првиот календар со австралиските пожарникари излезе во 1993 година.

Во овие 30 години со неговата продажба се собрани преку 3.4 милиони долари, кои се донирани во бројни австралиски организации, вклучувајќи и прифатилишта за животни и хуманитарни организации кои се занимаваат со истражувања за различни видови рак.

pozeski-od-koga-bilo-06.jpg

Повеќе фотографии од календарот за 2024 на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Фотки од последното летување на принцезата Дијана – далеку од кралските правила, ужива во ретки моме... Стилска, безгрижна и совршена без разлика дали е во костим за капење или облека ...
Убави вести од земјите ширум светот што можеби сте ги пропуштиле Бројот на заболени од рак на грлото на матката во Австралија значително се намал...
Меланија Трамп „мрзне“ во балетанки, Кејт Мидлтон во чизми – двете дами сами на дружба: „Посреќна е ... „Меланија изгледа многу посреќно тука, треба да си остане кај нив“ – пишуваат во...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Хари и Меган зад кралските завеси – таа храбро објави невидени кадри од свадбата, страсни бакнежи и ... За 8-та годишнина, Меган и Хари не се кријат, напротив, таа храбро објави невиде...

Најчитани неделава