Хари и Меган зад кралските завеси – таа храбро објави невидени кадри од свадбата, страсни бакнежи и скриени пораки (фото)
- Детали
- среда, 20 мај 2026
За 8-та годишнина, Меган и Хари не се кријат, напротив, таа храбро објави невидени фотки од кралската свадба, каде вљубено танцуваат, страсно се бакнуваат, откако бараа на нивниот ден да нема камери. Дали им недостасува слава? Сакаат да се продадат подобро? Или само уживаат во слободата без кралски правила?

По повод 8 години од бракот со принцот Хари, Меган сподели необјавени фотки од најпопуларната кралска свадба, која во 2018-та се емитуваше во живо.
„Пред 8 години, на денешен ден“ – напиша во описот на објавите на 19 мај таа, со што ги изненади сите откривајќи приватни моменти од големиот ден.
Освен наместените пози од младенците кои досега сме ги гледале, во овие приватни албуми, Меган покажа и дел од гостите, меѓу кои Елтон Џон кој им пееше, дадилката на принцот Вилијам и Кејт, што ги чува малите Џорџ и Шарлот, како и мајката на невестата, со која се држи за рака.


На фотките може да се забележат и вљубени моменти на парот, како танцуваат и се забавуваат, но и како страсно се бакнуваат, нешто што никако не излегувало во јавност во изминатите години, пред да го напуштат кралското семејство.


Освен што се присетија на свадбениот ден, парот прослави во домашна атмосфера, а заедно ја рекреираа и невестинската торта.
Во Инстаграм видео, се гледа како Хари доаѓа со торта и свеќички, па со децата велат: „Среќна годишнина мама!“, а Меган додава: „И тато“.

Сега тие се обични граѓани во Калифорнија, се занимаваат со филантропија, се фокусираат на медиумски партнерства, како проекти со Нетфликс за објавување документарци и серии, а Меган има и свој бренд за готвење.
Британската колумнистка Џен Мајер, во колумна за DailyMail дава саркастичен осврт на потегот на Меган со свадбените фотки, а меѓу другото, вели:
„Што треба да прави најприватниот познат пар за да ја одбележи осмата годишнина? Да се крие под карпа, тивко да си наздравуваат со шампањ стуткани под ќебе? Или еве една храбра идеја, зошто да не направиш нешто лудо и да објавиш куп невидени фотографии од твојата неверојатно приватна свадба во 2018?

Да да, истата таа, каде што младоженците строго инсистираа да нема камери, а гостите мораа да ги предадат телефоните за Меган и Хари да уживаат во приватност.
Неочекуван развој на настаните за жена која очајно сака да остане во сенка, освен ако има некоја мирислива свеќа или рецепт за шпагети да продаде. Зошто го прави Меган ова? Можеби затоа што им остана самите да си се продаваат.

Добродушните ќе речат дека Меган само сакала да сподели среќни моменти од најдобрите денови од нивниот живот... Циничните типови можеби ќе го сфатат ова како сценарио создадено за комерцијалните партнери, стриминг платформи и произведувачи на џем, за да потсетат дека сепак во нив има нешто кралско, да не некој случајно заборави.

Некои од фотките се среќни, тогаш сите бевме во заблуда, кога изгледаа среќно, а не знаевме што се случува зад завесите и дека за 2 години веќе ќе ги нема од кралското семејство.
Секоја фотка кажува приказна. Го нема таткото на невестата, го нема кумот принцот Вилијам, нема деверици, нема членови од кралско семејство....“

Повеќе фотки кои Меган ги објави:











М. М. | Црнобело