Детенце (9) останало без нозе, по малтретирањето од родителите кога имало 1 месец - Малиот херој минал низ 27 операции досега

Откако бил нападнат од биолошките родители на возраст од едвај еден месец, Тони од Англија останал без нозе. Денес, детенцето се движи со помош на протези и патерици, а наскоро ќе прави операција која ќе му овозможи да оди без патериците. Неговиот случај е и причина за нов закон во Англија со кој се предвидуваат многу повисоки казни за родителите кои си ги малтретираат децата.

dete-9-ostanalo-bez-noze-po-maltretiranjeto-od-bioloshkite-roditeli-sega-cheka-operacija-po-koja-kje-mozhe-da-odi-01.jpg

Тони Хугел од Англија има само девет години, но веќе преживеал огромни трауми.

Поради малтретирањето што го трпел од биолошките родители, морале да му се ампутираат двете нозе.

Денес, Тони има ново семејство кое му ја дава љубовта што ја заслужува, а наскоро, благодарение на операција, може да му се исполни и најголемата желба – да трча.

dete-9-ostanalo-bez-noze-po-maltretiranjeto-od-bioloshkite-roditeli-sega-cheka-operacija-po-koja-kje-mozhe-da-odi-06.jpg

Биолошките родители на малиот Тони – Ентони Смит и Џоди Симпсон – во 2018-та добија по десет години затвор за повредите што му ги нанеле на детенцето.

Во 2014-та, кога Тони имал едвај еден месец, тие толку го малтретирале што детето завршило со скршени прсти на рацете и нозете и сериозни повреди на лигаментите.

Тие чекале 10 дена пред да го однесат на болница, поради што Тони развил сепса.

dete-9-ostanalo-bez-noze-po-maltretiranjeto-od-bioloshkite-roditeli-sega-cheka-operacija-po-koja-kje-mozhe-da-odi-03.jpg

На крај, лекарите утврдиле дека е најдобро да му ги ампутираат нозете за да му го спасат животот.

Благодарение на лекарка на која повредите на Тони ѝ изгледале сомнително, детенцето било спасено од злобните родители.

Денес, Тони има протези на двете нозе, но мора да користи и патерици.

dete-9-ostanalo-bez-noze-po-maltretiranjeto-od-bioloshkite-roditeli-sega-cheka-operacija-po-koja-kje-mozhe-da-odi-08.jpg

И покрај страшната траума што ја преживеал, малиот Тони денес е весело дете, а од Британците е нарекуван и херој.

Имено, неговиот случај е причина за нов закон во Англија кој беше изгласан во 2020 година, со кој се предвидуваат построги казни за родителите како оние на Тони.

Според новиот закон, родителите кои ќе ги повредат нивните деца, ќе добиваат казна од 10 до 14 години.

Доколку детето умре од повредите, може да добијат и доживотна казна затвор.

dete-9-ostanalo-bez-noze-po-maltretiranjeto-od-bioloshkite-roditeli-sega-cheka-operacija-po-koja-kje-mozhe-da-odi-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

16 трогателни сцени од животот во Мумбаj (кои ежат и допираат до срце) Деца со боси ноџиња среде монсунска бура, татковци кои од петни жили се борат за...
Инфекција на градите, нос со некроза: Морничавата вистина зад „живите барбики“ Инфекции по лошо изведени операции, отоци поради филери во непроверени клиники –...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“ Лара од Англија и поранешниот сопруг освоиле околу 2 милиони евра на лотарија. Н...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
„Лицето ми се деформира од паразит – си ги потрошив сите пари за да најдам лек, ми се уништи животот... Американска ријалити ѕвезда вели дека „закачила“ паразит во Мароко што ѝ го дефо...

Најчитани неделава