Детенце (9) останало без нозе, по малтретирањето од родителите кога имало 1 месец - Малиот херој минал низ 27 операции досега

Во 2016 година, Тони бил посвоен од Пола Хугел. За британските медиуми, таа има откриено дека досега на Тони му се направени 27 операции.

dete-9-ostanalo-bez-noze-po-maltretiranjeto-od-bioloshkite-roditeli-sega-cheka-operacija-po-koja-kje-mozhe-da-odi-09.jpg

Наскоро ќе му биде направена уште една која ќе му овозможи да се движи само со своите протези, без да користи патерици.

Пола истакнува дека процесот на закрепнување ќе биде многу болен и долг.

„Ќе биде многу тешко и болно. Но, ако функционира, операцијата ќе му го промени животот. Тони е очаен да почне да трча и оваа операција ќе му ја даде таа шанса“.

dete-9-ostanalo-bez-noze-po-maltretiranjeto-od-bioloshkite-roditeli-sega-cheka-operacija-po-koja-kje-mozhe-da-odi-04.jpg

Тони го има привлечено и вниманието на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон кои го нарекоа херој.

dete-9-ostanalo-bez-noze-po-maltretiranjeto-od-bioloshkite-roditeli-sega-cheka-operacija-po-koja-kje-mozhe-da-odi-02.jpg

Имено, во 2020-та, сакајќи да собере 500 фунти од донации за болницата каде што му го спасиле животот, Тони секојдневно одел по 10 километри во период од 30 дена.

И, успеал во намерата, а собрал многу поголема сума од планираната.

dete-9-ostanalo-bez-noze-po-maltretiranjeto-od-bioloshkite-roditeli-sega-cheka-operacija-po-koja-kje-mozhe-da-odi-07.jpg

Следната година била отворена фондација во негово име чија цел е да им ги подобри животите на дечињата кои претрпеле физичко, емоционално или психичко малтретирање.

Преку фондацијата биле набавени 700 божиќни подароци за овие дечиња, а традицијата ќе продолжи и годинава.

dete-9-ostanalo-bez-noze-po-maltretiranjeto-od-bioloshkite-roditeli-sega-cheka-operacija-po-koja-kje-mozhe-da-odi-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

16 трогателни сцени од животот во Мумбаj (кои ежат и допираат до срце) Деца со боси ноџиња среде монсунска бура, татковци кои од петни жили се борат за...
Инфекција на градите, нос со некроза: Морничавата вистина зад „живите барбики“ Инфекции по лошо изведени операции, отоци поради филери во непроверени клиники –...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“ Лара од Англија и поранешниот сопруг освоиле околу 2 милиони евра на лотарија. Н...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
„Лицето ми се деформира од паразит – си ги потрошив сите пари за да најдам лек, ми се уништи животот... Американска ријалити ѕвезда вели дека „закачила“ паразит во Мароко што ѝ го дефо...

Најчитани неделава