„Ми велат дека сум премногу стара за да бидам бремена, а јас имам едвај 40 години“

„Кога се откажав од надежта дека ќе станам мајка, останав бремена, и тоа по природен пат. Циклусот ми доцнеше, па направив тест за бременост и добив позитивен резултат. Луѓето велат дека сум премногу стара на 39 години, но не ми пречи. Се чувствувам добро, а сега изгледам и помладо од претходно“.

mi-velat-deka-sum-premnogu-stara-za-da-bidam-bremena-a-jas-nemam-ni-40-godini-01.jpg

Адријана Крежниак (39) е бремена со своето прво дете, но луѓе кои не ја познаваат на нејзините објави на социјалните мрежи коментираат дека таа е „премногу стара“ за да има бебе бидејќи е речиси 40 години.

Во последните седум години, Адријана и нејзиниот сопруг Камел се обидувале да станат родители.

Тие поминале четири круга на асистирано оплодување, таа имала два спонтани абортуси, а лекарите ѝ дијагностицирале и ендометриоза - состојба при која ткивото кое ја покрива матката, почнува да расте на други, невообичаени места во телото и најчесто се наоѓа во карличниот дел.

Овие израстоци може да предизвикаат бројни симптоми, како што се болки во карличниот дел или неплодност.

mi-velat-deka-sum-premnogu-stara-za-da-bidam-bremena-a-jas-nemam-ni-40-godini-03.jpg

Но, кога Адријана и Камел се откажале од идејата дека некогаш ќе имаат бебе и почнале да ја разгледуваат опцијата за посвојување, таа забременила (во април 2023) и наскоро треба да се породи.

39-годишната жена е пресреќна што конечно ќе има бебе, и покрај тоа што добила многу сурови коментари на социјалните мрежи.

Но, таа вели дека лошите коментари не ја допираат и дека таа сега изгледа и се чувствува подобро отколку кога била во нејзините 20-ти години.

mi-velat-deka-sum-premnogu-stara-za-da-bidam-bremena-a-jas-nemam-ni-40-godini-04_copy.jpg

„Кога се откажав од надежта дека ќе станам мајка, останав бремена, и тоа по природен пат. Циклусот ми доцнеше, па направив тест за бременост и добив позитивен резултат.

Луѓето велат дека сум премногу стара, но не ми пречи. Се чувствувам добро, а сега изгледам и помладо од претходно. Многу луѓе мислат дека имам 20 и нешто години. Дури и мојот гинеколог мислеше дека сум под 35 години.

Ми велат дека кога ќе имам 60 години, моето дете ќе има 20 и јас ќе бидам во менопауза. Но, тоа не е важно, сè додека се грижите за себе. Знам дека ќе изгледам одлично и на 65 години“, вели таа.

Адријана вели дека тајната на нејзиниот младешки изглед е здравата исхрана, а таа консумира многу куркума, масло од црн сусам, просо и нутриционистички квасец. Јаде месо само 2-3 пати неделно.

mi-velat-deka-sum-premnogu-stara-za-da-bidam-bremena-a-jas-nemam-ni-40-godini-02.jpg

Таа сега вели дека тоа што забременила во поодминати години има свои придобивки, па сега има повеќе трпение од порано и не чувствува дека пропуштила ништо во животот.

„Задоволна сум што ќе седам дома со моето бебе наместо да мислам дека треба да излезам, да патувам.

Не чувствувам притисок во кој правец треба да ми оди кариерата, а не ми недостасува ни излегувањето со пријателите, бидејќи тоа веќе сум го поминала.

Знам дека ќе се фокусирам на семејството и детето, бидејќи се чувствувам постабилно во животот“.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава