„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за нив“

„Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само онлајн допишување и не се смета за изневерување. Сега не можам да го гледам на ист начин и се чувствувам евтино“, вели Британка (48).

po-2-godini-povtorno-imame-seks-so-soprugot-no-doznav-deka-toj-flertuva-so-4-zheni-i-fantazira-za-niv_copy.jpg

Британка, која е над 20 години во брак, вели дека по неколку години принудна апстиненција, бидејќи сопругот не сакал да имаат секс, сега повторно ужива во сексот со него – и тоа најдобриот што го имале откако се заедно.

Но, таа останала скршена кога ја дознала неговата тајна – дека има секс со неа, но фантазира за секс со 4 други жени со кои се допишува.

Таа ја раскажува својата приказна:

„Мојот сопруг не може да се воздржи и по повеќе од две децении брак, го имаме најдобриот секс во животот. Претходните години немавме воопшто секс.

Тој ми купува нова секси долна облека и секс играчки и ме води во кревет без оглед кое време е од денот или ноќта. Почнав да се чувствувам како најсекси жена на светот.

Но, неодамна дознав дека неговата новооткриена страст се совпаѓа со одвратните пораки меѓу него и четири други жени.

Не можам да поверувам дека вака би ме изневерил, а најлошото е што тој не мисли дека направил нешто лошо.

Јас имам 48 години, мојот сопруг има 52 и заедно сме 25 години. Имаме две возрасни ќерки.

Но, мора да признaам дека последните неколку години од нашиот брак беа тешки. Имавме постојани расправии и нула секс и во еден момент дојдовме до точка на кршење, а јас не бев сигурна дали бракот ќе ни опстои.

И кога почнав да губам секаква надеж, нешто се смени, а јас имав чувство дека човекот со кој се омажив, повторно ми се врати. Почнавме да имаме секс петпати неделно.

Бев толку среќна што не се ни запрашав што се смени.

po-2-godini-povtorno-imame-seks-so-soprugot-no-doznav-deka-toj-flertuva-so-4-zheni-i-fantazira-za-niv-02.jpg

Потоа забележав како на неговиот телефон се појави порака на Фејсбук од друга жена.

Не можев да се воздржам и ѕирнав во пораките, и се покажа дека таа е една од четирите жени со кои тој флертува, па дури и отворено пишува што сака да им прави кога ќе имаат секс.

Кога се соочив со него, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само онлајн допишување и не се смета за изневерување.

Сега не можам да го гледам на ист начин и се чувствувам евтино.

Сакам да го оставам, а сепак, немам храброст да останам сама.

Се мразам себеси што паднав на неговите слатки зборови и евтини трикови и што нашиот сексуален живот се подобри само затоа што тој се 'пали' на други жени.

Сигурна сум дека мисли на нив кога имаме секс, а не на мене.

Очајна сум, и само ќе кажам дека ова е најлошото чувство што сум го имала, не ѝ го посакувам на ниедна жена“.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Зошто бившиот сопруг сè уште ја посетува Андреа Јејтс, 25 години откако таа ги удави нивните 5 деца ... На 20 јуни 2001 година, домаќинката Андреа повикала полиција и признала пред пол...

Најчитани неделава