„13 години бев парализиран – Родителите мислеа дека сум во кома, но бев потполно свесен“

Со цел да си го зачува разумот во таква стресна положба, Мартин вели дека ја користел неговата имагинација.

„Си замислував секакви работи, како сум многу мал или како се качувам во вселенски брод и одлетувам. Некогаш гледав и како се движат работите околу мене, како сончевата светлина во текот на денот.

Или, ги гледав инсектите. Некогаш до толку живеев во тој мој свет, што не ни обрнував внимание на светот околу мене“.

Дури во 2001-ва, кога Мартин веќе наполнил 25 години, се јавила трошка надеж за него.

Неговите родители биле советувани да го однесат во центар каде што експертите утврдиле дека тој е свесен.

Цели 13 години откако се разбудил, Мартин добил можност да комуницира.

povekje-od-edna-decenija-bev-paraliziran-moite-roditeli-ne-znaeja-deka-bev-svesen-no-ne-mozhev-da-i-kazham-10.jpg

Најпрво лекарите му давале разни илустрации и симболи и го терале да го сврти погледот кон некоја од нив. Подоцна, неговите родители купиле компјутер за комуницирање, сличен како оној на физичарот Стивен Хокинг.

Работејќи со специјалисти, Марти постепено почнал да си ја враќа контролата над телото и да се подобрува.

Во 2009 година тој и се венчал, а во 2011-та издал книга за неговото искуство насловена Ghost Boy.

Денес Мартин може да ги движи рацете и главата, но уште му треба помагало за комуницирање, а користи и инвалидска количка.

Моментално тој работи како веб-дизајнер и веб-девелопер, а со сопругата имаат и едно дете. Истовремено, понекогаш учествува и во трки со инвалидски колички.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава