Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Детали за морничавото киднапирање на британски милијардер (78) во Еквадор: Расфрлани предмети и крвави чаршафи во неговиот дом

Расфрлани предмети, крвави чаршафи, вработен што се држи за глава – На социјалните мрежи кружи морничаво видео направено по киднапирањето на 78-годишен британски милијардер кој бил грабнат од неговиот дом, заедно со девојката.

detali-za-mornichavoto-kidnapiranje-na-britanski-milijarder-78-vo-ekvador-objaveno-video-so-krvavite-charshafi-na-socijalnite-mrezhi-01.jpg

Во речиси сите светски медиуми се пренесува веста за киднапирањето на британскиот милијардер Колин Армстронг (78), по кого полицијата трага од неделата (17.12).

Според првичните информации, во домот на Колин во Еквадор влегле 15-тина маскирани мажи, кои го грабнале милијардерот заедно со Колумбијката Катерин Паола Сантос, за која се верува дека му е девојка.

detali-za-mornichavoto-kidnapiranje-na-britanski-milijarder-78-vo-ekvador-objaveno-video-so-krvavite-charshafi-na-socijalnite-mrezhi-03.jpg

Како што пишуваат британските медиуми, милијардерот бил киднапиран со цел да се изнудат пари од откуп, а тој и неговата девојка од имотот во Еквадор биле пренесени на непозната локација со неговиот автомобил BMW, што подоцна бил најден напуштен.

detali-za-mornichavoto-kidnapiranje-na-britanski-milijarder-78-vo-ekvador-objaveno-video-so-krvavite-charshafi-na-socijalnite-mrezhi-02.jpg

Една од вработените во домот на Колин објави видеоснимка на социјалните мрежи на која се гледа во каква состојба бил оставен домот на познатиот британски милијардер.

Во видеото се гледаат растурени кревети, расфрлани предмети и крвави чаршафи.

Според објавата на Daily Mail, во последните неколку часови неговата девојка била ослободена од киднаперите и во моментов е на распит во полицијата.

detali-za-mornichavoto-kidnapiranje-na-britanski-milijarder-78-vo-ekvador-objaveno-video-so-krvavite-charshafi-na-socijalnite-mrezhi-06.jpg

На социјалните мрежи кружат фотографии од луксузните патувања на кои биле Колин и неговата девојка непосредно пред киднапирањето.

Инаку, досега најблиските не добиле барање за откуп, а властите напорно работат на решавање на случајот.

detali-za-mornichavoto-kidnapiranje-na-britanski-milijarder-78-vo-ekvador-objaveno-video-so-krvavite-charshafi-na-socijalnite-mrezhi-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка отиде на соло меден месец, откако ѝ починал свршеникот - на 1 месец пред свадбата Лора од Канада одлучила да замине на планираниот меден месец, иако соло, за да в...
Девојка објавила формулар за кандидати за партнер, слично како оглас за работа Од хороскопски знак до „колку луди бивши имаш“ се прашањата во формуларот за мом...
Девојка, што глуми сирена, беше нападната од џиновска риба во аквариум во Кина (видео) Маша од Русија за време на својата изведба во аквариумот станува мета на џиновск...
Девојка од Австралија 12 години патува сама низ светот и спие бесплатно по хотели (фото) „Животот ме одведе во хотели со 5 ѕвезди, летови со прва класа, најубави рестора...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg