„Бев сексуално малтретиран на 8-годишна возраст“: Братот на принцезата Дијана со потресно сведоштво

„Директорот на училиштето во коешто ме испратија беше садистички педофил, а јас бев сексуално малтретиран од жена која работеше таму. Никогаш не ѝ кажав на Дијана“, вели Чарлс Спенсер.

bev-seksualno-maltretiran-na-8-godishna-vozrast-bratot-na-princezata-dijana-so-potresno-svedoshtvo-01.jpg

Чарлс Спенсер, братот на принцезата Дијана, се соочувал со сексуално и физичко насилство во приватното училиште, односно интернатот каде што бил испратен, и тоа на возраст од само осум години.

Иако бил особено близок со сестра му Дијана, вели дека никогаш не ѝ кажал за трауматичното искуство. Дури и на неговите други две сестри – Сара и Џејн – им кажал пред нешто помалку од две години.

Во вторникот беа објавени мемоарите на Чарлс – A Very Private School – каде што отворено зборува за она што му се случувало во училиштето.

bev-seksualno-maltretiran-na-8-godishna-vozrast-bratot-na-princezata-dijana-so-potresno-svedoshtvo-04.jpg

Најпрво, Чарлс зборувал за малтретирањето со неговиот терапевт, а решил да се отвори пред него бидејќи, како што вели, тој период го допрел дното.

„Одев на 10-дневна работилница за интроспекција и терапија. Терапевтот ни рече на сите во групата да му кажеме тајна што не сме ја споделиле со никој.

Му шепнав дека како дете, бев сексуално малтретиран од возрасна личност. Се сеќавам дека изгледаше шокирано. Потоа ме изнесе надвор и ми рече ’Ова е многу сериозно'.

Дотогаш веќе имав деца. И, одеднаш добив нова перспектива – што ако кое било од моите деца го доживее истото? Крвта ми вриеше од помислата.

Дури тогаш си дозволив да ја почувствувам вистинската тага од она што ми се случи“, вели Чарлс.

bev-seksualno-maltretiran-na-8-godishna-vozrast-bratot-na-princezata-dijana-so-potresno-svedoshtvo-05.jpgЧарлс Спенсер

Кога имал осум години, Чарлс бил испратен во елитен интернат во Англија – Maidwell Hall.

Тој вели дека членовите од неговото семејство со генерации биле испраќани во тоа училиште и никој не се ни сомневал дека се случува нешто поради репутацијата.

40 години подоцна, Чарлс се сретнал со некои од соучениците и вели дека дури тогаш сфатил дека и тие ја поминале истата голгота.

„Кога ги слушав нивните приказни, бев запрепастен. Се сретнав со еден соученик по 40 години. Ми кажа дека се чувствувал безвредно, дека бил сексуално нападнат трипати кога имал 9 години“.

bev-seksualno-maltretiran-na-8-godishna-vozrast-bratot-na-princezata-dijana-so-potresno-svedoshtvo-09.jpgЧарлс со мајка му и сестра му Дијана, пред да оди во интернатот

Чарлс вели дека за богатите семејства, како неговото, било особено важно да ги испраќаат децата во елитни училишта, најмногу за да ги запознаат „вистинските луѓе“.

Но, децата плаќале превисока цена – самиот Чарлс вели дека откако дошол во училиштето, веднаш почнал да сведочи на насилството што се случувало.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Бев на 8 патувања во една година, сама без сопругот и децата“ „Не ми треба дозвола од сопругот за да резервирам соло патување, бидејќи знае де...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...

Најчитани неделава