„Бев сексуално малтретиран на 8-годишна возраст“: Братот на принцезата Дијана со потресно сведоштво

„Беше брутално. Директорот беше садистички педофил. Имаше вработено мал број наставници кои беа или перверзни, или никогаш не би зборувале против него. Немаше кај кого да се обратиме.

Мислам дека моите родители не беа свесни за суровоста што ја трпевме. Мислам дека веројатно имале застарено мислење дека казнувањето со ќотек е нормален дел од училиштето.

Но, тепањето беше секојдневен ритуал. Бевме 72 момчиња и барем шестмина од нас беа тепани секој ден. Мислам дека ниту еден родител не знаеше за тоа“.

bev-seksualno-maltretiran-na-8-godishna-vozrast-bratot-na-princezata-dijana-so-potresno-svedoshtvo-06.jpgЧарлс во детството

Чарлс раскажува и за ученик кој бил камшикуван толку силно, што навечер морал да спие гол бидејќи облеката му се лепела за раните.

Биле потребни две недели за да му заздрават раните.

Чарлс имал дозвола да им пишува на родителите еднаш неделно, но не можел да каже ништо бидејќи наставниците и директорот ги проверувале пред да ги испратат.

bev-seksualno-maltretiran-na-8-godishna-vozrast-bratot-na-princezata-dijana-so-potresno-svedoshtvo-08.jpgУчилиштето во коешто одел Чарлс

Најлошото искуство на Чарлс било силувањето од страна на 20-годишна жена.

Тој вели дека нејзина мета биле момчиња помали од 13 години.

Чарлс молчел за малтретирањето скоро цел живот, а сфатил дека треба да побара помош по двата неуспешни брака.

„Бев многу збунет од мојот катастрофален љубовен живот, од тоа што бев несреќен и од разводите.

Сакав да направам нешто за моите деца, сакав да се подобрам за нив, да им бидам подобар татко. Мислам дека ако не бев родител, немаше да побарам помош“.

bev-seksualno-maltretiran-na-8-godishna-vozrast-bratot-na-princezata-dijana-so-potresno-svedoshtvo-03.jpgЧарлс и сестра му Дијана

Наводно, од училиштето се немаат огласено, но според британските медиуми, почнале да го истражуваат случајот.

Истовремено, сегашните управители на училиштето ги охрабриле поранешните ученици да ги споделат нивните слични искуства.

bev-seksualno-maltretiran-na-8-godishna-vozrast-bratot-na-princezata-dijana-so-potresno-svedoshtvo-02.jpgЧарлс Спенсер

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Бев на 8 патувања во една година, сама без сопругот и децата“ „Не ми треба дозвола од сопругот за да резервирам соло патување, бидејќи знае де...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...

Најчитани неделава