„Преживеав мозочен удар на 33 години - како илјадници игли да ме боцкаа во мозокот, се разбудив од сон“

„Не се чувствував добро, имав посилна болка од вообичаено. Се чувствував како илјадници игли да ме боцкаат во мозокот“ - раскажува оваа мајка на 4 деца, која преживеала мозочен удар на 33 години, а сега 4 години подоцна сѐ уште ги чувствува последиците.

prezhiveav-mozochen-udar-na-33-godini-kako-iljadnici-igli-da-me-bockaa-vo-mozokot-se-razbudiv-od-son-01.jpg

Сара Мајлс од Австралија имала само 33 години и била мајка на 6-месечно бебе кога доживеала мозочен удар, од кој и сега, 4 години подоцна ги чувствува последиците, а својата приказна ја раскажува за светските медиуми.

prezhiveav-mozochen-udar-na-33-godini-kako-iljadnici-igli-da-me-bockaa-vo-mozokot-se-razbudiv-od-son-02.jpg

Оваа мајка на 4 деца во сон почувствувала силна главоболка и се разбудила, но успеала повторно да заспие.

Само неколку часа подоцна, кога се разбудила, следувал вистински шок  за неа.

Таа забележала дека целосно го загубила периферниот вид на двете очи, односно не можела да види ништо отстрана.

„Вообичаено не страдам од главоболки и ако случајно ме боли глава не пијам лекови, само чекам да помине болката.

Но, ова беше поинаку. Не се чувствував добро, имав посилна болка од вообичаено.

Се чувствував како илјадници игли да ме боцкаат во мозокот. Не можев да видам ништо отстрана, сѐ беше црно, но мислев дека тоа е последица на замор. Бев мајка на новороденче“ – раскажува Сара.

prezhiveav-mozochen-udar-na-33-godini-kako-iljadnici-igli-da-me-bockaa-vo-mozokot-se-razbudiv-od-son-03.jpg

Нејзиниот сопруг веднаш почнал да ги пребарува симптомите на Гугл и ѝ рекол дека е можно да има мозочен удар, на што Сара се насмеала, затоа што немала никакви други симптоми освен главоболката и проблемите со видот.

Сепак, Сара отишла на лекар, каде по низа тестови било утврдено дека таа навистина преживува мозочен удар и дека имала тромб во артерија во задниот дел од вратот, кој стигнал до задниот дел од мозокот и заради тоа предизвикал загуба на видот.

prezhiveav-mozochen-udar-na-33-godini-kako-iljadnici-igli-da-me-bockaa-vo-mozokot-se-razbudiv-od-son-04.jpg

За среќа, таа поминала без операција и добила само лекови за разложување на тромбот, а вели дека штом се вратила дома, немала премногу време да одмара, туку морала да им се врати на обврските околу нејзините 4 деца.

Таа цела година редовно требало да прима лекови, а на секои 4 месеци одела на прегледи со магнетна резонанца.

„Постоеше ризик од нов удар заради првичниот, па постојано бев под стрес.

Мислам дека во првите 12 месеци правев сѐ за да не дозволам целосно да ме обземе стравот.

Но, потоа си реков себеси: ‘Што биде - нека биде! Морам да продолжам со животот’“ – раскажува таа.

prezhiveav-mozochen-udar-na-33-godini-kako-iljadnici-igli-da-me-bockaa-vo-mozokot-se-razbudiv-od-son-06.jpg

Таа денес има 37 години и е релативно здрава, но сѐ уште ги чувствува последиците од мозочниот удар.

На десното око целосно го загубила периферниот вид, чувствува замор, дефокусираност, а и пречат и гласни звуци, толпа, или силна светлина.

„Како да се загубив себеси и морав повторно да учам голем број работи. Го немав истиот капацитет додека ми заздравуваше мозокот и тешко ми беше да се справам со тоа“ – раскажува Сара и вели дека и сега ѝ се случува говорот да ѝ биде отежнат или да има проблем да се сети на зборовите што треба да ги каже.

prezhiveav-mozochen-udar-na-33-godini-kako-iljadnici-igli-da-me-bockaa-vo-mozokot-se-razbudiv-od-son-05.jpg

Таа вели дека сега води многу поголема сметка за своето здравје и при првите знаци дека нешто не е во ред - не чека, туку веднаш оди на лекар.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Трогателна исповед на маж жртва на семејно насилство: „Не ми даваше да јадам, се закануваше дека ќе ... Маж од Англија го споделува своето потресно искуство со поранешната партнерка ко...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Епстин ѝ го финансирал раскошниот живот: Како поранешната (и разгалена) снаа на кралицата Елизабета ... Иако должела повеќе од 2 милиони долари, поранешната сопруга на принцот Ендру жи...

Најчитани неделава