Станала инвалид на 22 години, но не се откажала од желбата да стане мајка – Американка со ретко нарушување е вистинска инспирација

Сѐ започнало со мали грчеви, а потоа добила парализа. И покрај инвалидитетот, Сиднеј од САД е посветена мајка, а нејзината приказна служи за мотивација на сите кои имаат сличен проблем.

sidnej-na-22-godini-stanala-invalid-preku-nokj-pochuvstvuvala-chudni-simptomi-a-doktorite-i-rekle-deka-kje-umre-01.jpg

Сиднеј Ен Бенет од Ајдахо имала само 22 години кога почнала да чувствува грчеви во телото, но не им придавала никаква важност. 

Не можела ниту да сонува дека оваа болка целосно ќе ѝ го промени животот.

Во нејзиното вирално видео на Инстаграм, таа објаснува како станала инвалид преку ноќ.

Сиднеј почнала да чувствува необјаснета хронична болка непосредно пред да се омажи за нејзиниот дечко Колтон Бенет со кого биле заедно уште од средно.

Болката станувала сѐ посилна, но никој од докторите не знаел која е причината.

По извесно време била испратена на дополнителни испитувања.

Три години по испитувањата и другите анализи, добила дијагноза - функционално невролошко нарушување, кое ги ослабува, но барем не им прави целосен инвалидитет на мозокот и нервниот систем.

Сиднеј ја добила дијагнозата откако се вратила од меден месец.

Две недели по патувањето, додека се враќала дома од град, Сиднеј добила целосна парализа на рацете. 

Веднаш отишла во итната медицинска помош, но поради недостиг на опрема, не можеле да ја најдат причината за нејзиниот проблем, па ја испратиле дома, иако рацете ѝ понатаму биле парализирани.

Нaредните две недели биле пеколни за неа.

„Изгубив способност да одам, да зборувам, го изгубив вкусот, а рацете и нозете не си ги чувствував. Почнав да имам напади на халуцинации и парализа.

Еден месец подоцна добив дијагноза. Докторите ми рекоа дека најверојатно умирам, но не знаеја зошто.

За мојата болест рекоа дека е 'стресна реакција на потисната и нерешена траума', иако не го разбирам тоа објаснување“, изјави Сиднеј Ен за „Newsweek“.

За да биде уште полошо, нејзиниот сопруг Колтон, кој е дел од војската на САД, четири месеци по добивањето на нејзината дијагноза морал да замине во странство, па таа самата морала да се справува со тешкотиите кои ги носи болеста.

Бенет, која денес е мајка на едно дете, почнала да истражува нешто повеќе за својата болест.

Таа открила дека потиснатата траума првично предизвикува појавување на симптомите, но не е докажано дека таа е причинителот за болеста.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...

Најчитани неделава