Станала инвалид на 22 години, но не се откажала од желбата да стане мајка – Американка со ретко нарушување е вистинска инспирација

Неврологот Леон Бардокар за „Newsweek“ објаснува зошто психичките трауми може вака да влијаат кај некои луѓе.

„Во суштина, тоа е состојба која предизвикува невролошки симптоми како слабост, тремор или напад, но не е предизвикана од оштетување на самите нерви.

Иако лекарите не се сигурни што точно го предизвикува ова, стресот и психолошката траума играат важна улога“, вели тој.

Периодот на бременоста ѝ донел нови предизвици на Сиднеј. Тогаш времето главно го поминувала во инвалидска количка.

Секој физички и емотивен стрес ѝ ги влошувал симптомите.

Породувањето траело 52 часа и било исклучително тешко за Сиднеј, но таа успеала да извојува победа и во оваа битка.

Сиднеј и нејзиниот сопруг отсекогаш сакале да станат родители, па на 10 јануари годинава им се исполнила најголемата желба и им се родила нивната ќерка Хадеса.

Сиднеј веќе има најдено начини како сама да се грижи за ќерка си додека сопругот е на пат.

Секако, во близина имаат пријатели кои доаѓаат на помош кога Колтон е отсутен.

Нејзината приказна дефинитивно може да служи како дополнителна мотивација за сите кои се борат со нешто слично.

„Оваа болест е исклучително тешка, но не сакам да очајувам.

Своите искуства ги споделувам на социјалните мрежи за да им помогнам на оние на кои им е потребна помош“, вели Сиднеј Ен.

С. Ш. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...

Најчитани неделава