10 најплатени познати личности на Инстаграм - за една објава земаат милиони

Освен што се најпопуларни, тие се и најплатени познати личности на Инстаграм. За само една објава на нивниот профил, на сметка добиваат милиони.

10-najplateni-poznati-lichnosti-na-instagram-za-edna-objava-zemaat-milioni-01.jpg

Инстаграм е една од најпопуларните социјални мрежи во моментов.

Исто така е и најпопуларна платформа за рекламирање на инфлуенсерите.

Многу од брендовите веќе соработуваат со инфлуенсерите и тоа им е најдобар начин на рекламирање.

Доколку имате доста висок буџет и сакате да допрете до милиони луѓе со само една објава на Инстаграм, тогаш познатите личности се најдобар избор за соработка.

Никој не може да го достигне влијанието кое го имаат познатите личности, кои покрај своите примарни професии, заработуваат и на социјалните мрежи.

Единствената маркетинг менџмент платформа на инфлуенсери Glewee, во март годинава објави листа на десет најплатени познати личности на Инстаграм, направена според проценката на сумата пари кои ја земаат од секоја платена објава на нивниот профил.

Во продолжение погледнете кои се најплатените инфлуенсери на Инстаграм:

10. Џастин Бибер

Популарниот канадски пејач се најде на оваа листа првенствено поради големиот број на обожаватели.

Тој има фанови насекаде низ светот и тоа го прави привлечен за брендовите кои сакаат да допрат до публиката ширум светот.

Џастин има 293 милиони следбеници на Инстаграм, а заработува 1.763.000 долари по објава.

9. Клои Кардашијан

Една од омилените Кардашијан сестри е Клои, токму поради нејзината смисла за хумор.

На Инстаграм ја следат 309 милиони луѓе, а зема по 1.866.000 долари за објава.

8. Бијонсе

Бијонсе во моментов е најпопуларната пејачка во светот, која има продадено повеќе од 100 милиони албуми.

Нетфликс лансираше филм за нејзиниот живот, а таа го промовираше на својот Инстаграм профил.

Една нејзина објава на Инстаграм чини 1.889.000 долари, а ја следат 319 милиони следбеници.

7. Ким Кардашијан

Ким е најпопуларната ѕвезда од реално шоу во светот, а со оглед на тоа што многумина велат дека таа нема апсолутно никаков талент, чудно е што црпи вртоглави суми од различни извори.

За една своја објава, на сметката добива 2.176.000 долари и има 363 милиони следбеници на Инстаграм.

6. Аријана Гранде

Познати како „Аријанатори“, обожавателите на поп - пејачката дополнително се ангажираат за неа и на социјалните мрежи.

Оние што соработуваат со Аријана може да бидат сигурни дека нејзината објава ќе ја видат 379 милиони луѓе, пред сѐ девојки на возраст од 13 до 25 години.

За една своја објава зема 2.326.000 долари.

На следната страница прочитајте кој се најде на првото место



Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...

Најчитани неделава