Раскошна свадба на милијардер пред пирамидите во Египет: „Најпрво сакав да се венчаме во вселената“ (фото)

Милијардерот Анкур Џаин не штедел за свадбата со сопругата Ерика Хамонд – тие се венчале пред пирамидите во Египет, а претходно организирале сафари за 130-те гости, како и приватна тура низ историските градби со познат египтолог.

raskoshna-svadba-na-milijarder-pred-piramidite-vo-egipet-najprvo-sakav-da-se-venchame-vo-vselenata-foto-01.jpg

Милијардерот Анкур Џаин и неговата сакана Ерика Хамонд направија раскошна свадба во Египет, а се венчаа пред пирамидите.

Анкур Џаин, кој потекнува од Индија и живее во САД, е основач на неколку компании и неговото богатство се проценува на 1,2 милијарди долари.

Неговата сопруга, пак, се прослави како борач, а денес работи како фитнес инструкторка.

Тие се венчаа на 26-ти април, а за магазинот People споделуваат детали од раскошната венчавка.

Имено, уште кога почнале со планирање на венчавката, и двајцата биле сигурни дека сакаат да организираат екстравагантна забава за која ќе зборуваат сите.

Милијардерот вели дека размислувал да се венчаат и во вселената.

„Кога ми го предложи тоа, му реков дека не сакам да умрам на мојата венчавка“, вели Ерика.

На крај се одлучиле за Египет, и тоа пред пирамидите и сфингата. Притоа, церемонијата ја водел познат египтолог – д-р Захи Хавас – кој има напишано неколку книги за Тутанкамон.

„Ние сме од Њујорк, па имаше нешто посебно во тоа да се венчаме во потполно различно опкружување.

Венчавката беше можност да го прославиме нашиот нов почеток, па се одлучивме за забава во потполно различен свет. Свадбата беше нешто што се искусува само еднаш во животот“, додава Ерика.

raskoshna-svadba-na-milijarder-pred-piramidite-vo-egipet-najprvo-sakav-da-se-venchame-vo-vselenata-foto-10.jpg

Милијардерот вели дека отсекогаш бил опседнат со древните цивилизации и бил пресреќен што имал можност да се венча пред едни од најпознатите историски градби.

Младенците одлучиле дека не сакаат традиционална венчавка, па на свадбата ги избегнале деталите како деверици, свадбена торта и слично.

Истовремено, целото планирање им го оставиле на организаторите:

„Не знаев како ќе изгледаат масите. Ние не сме луѓе кои сакаат традиционални венчавки. Зошто би потрошиле 20.000 долари на цвеќе? Бесмислено е.

И, тие детали не се важни кога имате можност да вечерате покрај пирамидите!“, вели Ерика.

raskoshna-svadba-na-milijarder-pred-piramidite-vo-egipet-najprvo-sakav-da-se-venchame-vo-vselenata-foto-02.jpg

Наместо на декорациите, парот се фокусирал на тоа да им овозможи незаборавно неколкудневно искуство на 130-те гости.

Пред да отидат во Египет, младенците организирале сафари за гостите. Наводно, за ова платиле по 2.000 долари за секој гостин посебно.

Потоа, со приватен авион ги однеле во Египет. Во Каиро биле пречекани со танчарки и диџеј, а забавата траела до пет наутро.

Следниот ден организирале приватна тура за гостите во пирамидите и сфингата, а наредната вечер била венчавката.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Си ги отстранив градите со операција бидејќи мразев како изгледаат – уште се чувствувам како жена“ Млада Американка си ги отстранила двете дојки не бидејќи има рак или бидејќи сак...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...

Најчитани неделава