Кучето Џин не се двои од болно детенце

kuceto-dzin-ne-se-dvoi-od-bolno-detence-povekjeТешко болното 4 годишно детенце Лукас Хембри од Тенеси боледува од Санфилипов синдром, генетска грешка на метаболизмот која настанува како...


...резултат на недостиг на ензими кои го разградуваат шеќерот во организмот.

Според прогонозите на лекарите, ова несреќно дете има уште една година живот, и се очекува да падне во вегетативна состојба од која нема спас.

Единствена надеж да му се продолжи малку животот е рехабилитација со помош на посебно обучено куче кое чини повеќе илјади долари. Родителите немале финансиски средства за да обезбедат такво куче, а дресерите одлучиле дека „Лукас не смее да биде во близина на куче“ затоа што заради природата на болеста често може да биде агресивен.

kuceto-dzin-ne-se-dvoi-od-bolno-detence

Очајниот татко на Лукас отишол во азил на напуштени кучиња и зел едно женско кутре кое го спасил од еутаназија. По некое време се воспоставило дека тоа е вистинското кутре за малиот.

„Неверојатно брзо се зближија и засакаа, а кучката Џин веќе неколку пати му го спаси животот. Една ноќ ме разбуди завивање. Се стрчав во собата и ја видов Џин како ја душка главата на мојот син. Нивото на кислород беше премногу ниско. Тогаш сфатив дека таа ги чувствува невролошките промени во неговиот организам и веднаш реагира . Сега знам дека беше судено да ја најдам Џин. Ние ја спасивме неа, а таа секој ден го продолжува животот на моето дете“ – изјавил таткото на Лукас кој сам го дресирал кучето.

Повеќе за оваа нераздвојна двојка може да прочитате и на Фејсбук: https://www.facebook.com/PrayingforLucas

Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на млада дизајнерка: Била најдена на јахта, гол маж викал и барал помош Иако се претпоставува дека причина за смртта е предозирање, уште не се знае што ...
Хит потег на Astronomer со Гвинет Палтроу – ја најмија бившата нa фронтменот на Coldplay по скандало... „Компанијата доби многу прашања изминативе денови, па сакаа јас да одговорам на ...
Морничави видеа: Огромна дупка се отвори на автопат во Бангкок – „проголта“ автомобили и бандери Дупка со ширина од 30 метри и длабочина од 50 метри се формира на автопат во Бан...
Мислењата поделени: Забрана за деца во некои вагони во возови во Франција - за да не го рушат мирот „Откако стана прифатливо родителите да не ги контролираат своите деца, тогаш да,...
Тинејџерската љубов му беше сопруга само 11 дена - Најсреќните моменти на Диого Жота и саканата, низ... Љубовната приказна на загинатиот фудбалер Диого Џота (28) и неговата сопруга Рут...
Имал шизофренија, мајка му молела да го сместат во институција: Кој е мажот што ладнокрвно уби девој... Кон крајот на минатиот месец, млада Украинка беше ладнокрвно убиена во воз во СА...

Најчитани неделава