Хит потег на Astronomer со Гвинет Палтроу – ја најмија бившата нa фронтменот на Coldplay по скандалот со нивните вработени (видео)
- Детали
- понеделник, 28 јули 2025
„Компанијата доби многу прашања изминативе денови, па сакаа јас да одговорам на неколку“ – вели во видеото Гвинет, која е поранешна сопруга на Крис Мартин, фронтменот на Coldplay, што случајно ја разоткри аферата на колегите од Astronomer. Таа иронично одговара на хит прашањата, а ПР стратегијата е прогласена за една од најдобрите, најкреативните, но и најхрабрите.

Веројатно не остана човек што не слушна за скандалот на концертот на Coldplay и за компанијата Astronomer, која до неодамна беше непозната.
Но, името на оваа компанија се вивна во височините на популарноста, откако директорот и неговата колешка од човечки ресурси, беа фатени на дело како изневеруваат.

Тие беа уловени на Kiss камерата на концертот на Coldplay, а како тоа да не беше доволно, фронтменот, Крис Мартин, не сакајќи ја влоши ситуацијата кога рече:
„Или се многу срамежливи, или изневеруваат“.

За многу кратко, снимката стана вирална, а освен што сите дознаа за љубовниците на кои им се сруши животот, нема кој не слушна и за компанијата Astronomer, која прави софтвери за да им го олесни работниот процес на бизнисите.
Погледнете и „Директорот се крие зад стакло откако го фатија како изневерува“ – Смешни мемиња за љубовниците од концертот на Coldplay
Извршниот директор Енди Барон и шефицата на одделот за човечки ресурси, Кристин Кабот, си дадоа отказ откако предизвикаа „лудило“ на социјалните мрежи со својот потег.

Но, неколку недели подоцна, компанијата направи хит потег, кој многумина го оценуваат како најдобра ПР стратегија во криза.
Тие ја најмија Гвинет Палтроу, која инаку е поранешна сопруга на Крис Мартин со кого има две деца, за да биде нивен привремен портпарол и претставник за јавност.

„Благодариме на вашиот интерес за Astronomer. Здраво, јас сум Гвинет Палтроу. Најмена сум привремено, да зборувам од името на повеќе од 300 вработени во Astronomer.
Компанијата доби многу прашања изминативе денови, па сакаа јас да одговорам на неколку“ – вели таа на почетокот на видеото.

Потоа, додека на екранот се испишуваат двете најпопуларни прашања: „Што по ѓаволите...?“ и „Како се држи вашиот тим за социјални медиуми?“ – таа иронично, со насмевка на лицето, ја менува темата и зборува за продуктот кој компанијата го нуди и настанот кој го промовира.
Погледнете го видеото:
Маркетинг директорот доби голем број пофални зборови на LinkedIn за видеото и креативниот, но и храбар потег, а во коментари луѓето пишуваат:
„Не знам за одделот за човечки ресурси, но ПР одделот победува со затворени очи“.
„Ова е мастерклас за ПР! Да ја најмиш бившата сопруга на Крис Мартин како портпарол е генијално“.
„Чисто злато. Многу добро сработено. Сум бил 30 години во маркетинг и можам да набројам 10 одлични ПР потези кои ги обожава, а ова е 11-тиот. Дајте му покачување на тимот“.
M. M. | Црнобело