Крис Мартин од Coldplay се обрати на фан за скандалот со љубовниците: „Фала што дојде пак по дебаклот во Бостон“ (видео)
- Детали
- среда, 20 август 2025
„Ти беше и на концертот во Бостон... Фала што дојде пак по дебаклот што се случи“ – му искоментира Крис Мартин на фан во публиката, а потоа суптилно за првпат направи шега и за Kiss камерата која фати на дело директор што изневерува со колешка од работа и рече дека немаат намера да ја прекинат традицијата.

Пред еден месец, на концерт на Coldplay во Бостон се случи скандал, кога на Kiss камерата, беше уловен пар чија афера беше јавно разоткриена, а пејачот Крис Мартин искоментира: „Или имаат афера или се многу срамежливи“.
Извршниот директор на компанија и неговата колешка беа фатени на дело како изневеруваат, видеото вирално се прошири, а со денови се споделуваа мемиња на нивна сметка.
Прочитајте повеќе: Фатени на дело: Директор и колешка љубовници, уловени на камера на концерт на Coldplay (видео)

Тогаш Крис не се огласи по повод скандалот, но сега, на друг концерт во Англија, суптилно го спомна моментот.

Пејачот ги поздрави сите во публиката, а потоа рече:
„Среќни сме што сме тука. Многу од вас имаат напишани знаци. Па ќе прочитам неколку, да видиме што ќе се случи – Прво... ‘Трипати во три месеци’ (гласи знакот).
Ти беше на концертот и во Бостон. Океј... ти благодарам што дојде пак по тој дебакл“ – се пошегува тој мислејќи на скандалот со аферата.
Погледнете го видеото:
Публиката се смееше на неговата шега, а потоа, харизматичниот фронтмен повторно прозборе, овој пат, се осврна на Kiss камерата, како што пренесуваат британските медиуми.
„Го правиме ова многу долго време и ете неодамна стана... да, знаете. Така што да, животот ти фрла лимони и мора да направиш лимонада.
Па ќе продолжиме да го правиме ова, бидејќи така ќе запознаеме дел од вас“ – вели тој, укажувајќи дека немаат намера да престанат да снимаат луѓе од публика и покрај дебаклот.
Прочитајте и Се огласи девојката што прва го објави видеото од парот на Coldplay: „Жал ми е што им го свртев животот наопаку“
М. М. | Црнобело