Се огласи девојката што прва го објави видеото од парот на Coldplay: „Жал ми е што им го свртев животот наопаку“

„Немав поим кој беше парот, само си помислив дека снимив интересен момент и го објавив. Дел од мене се чувствува лошо што им го свртев животот наопаку на овие луѓе, но кога играат глупави игри, добиваат глупави награди. Се надевам партнерите брзо ќе го пребродат ова“ - вели 28-годишната обожавателка чие видео вирално се прошири откако улови љубовна афера на концерт на Coldplay. 

se-oglasi-devojkata-shto-prva-go-objavi-videoto-od-parot-na-coldplay-zhal-mi-e-shto-im-go-svrtev-zhivotot-naopaku-01.jpg

Грејс Спрингер е 28-годишна девојка, која е обожавател на Coldplay, а се прослави откако нејзиното видео од концертот стана вирално.

Таа прва го сними и објави видеото од моментот каде е „уловен“ парот љубовници, без да знае дека ќе се случи целата оваа драма.

Обичното видео кое неа во моментот ѝ се видело како забавен момент од концерт, се претвори во скандал од големи размери, кој „уништи“ цели семејства.

Прочитајте повеќе: Фатени на дело: Директор и колешка љубовници, уловени на камера на концерт на Coldplay (видео)

Многу брзо по објавувањето на „забавната“ реакција на парот уловен на камера, на интернет се проширија информации дека станува збор за директор и неговата колешка од одделот за човечки ресурси, кои имаат афера.

Видеото се споделува вирално веќе два дена, досега има повеќе од 50 милиони прегледи, а социјалните мрежи се преплавени со смешни мемиња за целата ситуација.

@instaagraace

trouble in paradise?? 👀 #coldplay #boston #coldplayconcert #kisscam #fyp

♬ original sound - grace

Сега, девојката која првично го обелодени овој момент, даде изјава за TheSun, со свој коментар за случката:

„Немав поим кој беше парот. Само си помислив дека снимив интересна реакција од камерата и одлучив да ја објавам.

Дел од мене се чувствува лошо што им го свртев наопаку животот на овие луѓе, но играњето глупави игри, доаѓа со глупави награди...

Се надевам дека нивните партнери брзо ќе го пребродат ова и ќе добијат втора шанса за среќата која ја заслужуваат, иднината е пред нив.

Се надевам дека за нив, моето видео беше благослов“.

se-oglasi-devojkata-shto-prva-go-objavi-videoto-od-parot-na-coldplay-zhal-mi-e-shto-im-go-svrtev-zhivotot-naopaku-02.jpg

Грејс додава дека сите зборувале за овoj момент уште кога се случил на самиот концерт, но тогаш никој не знаел што се случува и кој е парот.

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 трогателни сцени од животот во Мумбаj (кои ежат и допираат до срце) Деца со боси ноџиња среде монсунска бура, татковци кои од петни жили се борат за...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...
„Се преселив во Дубаи, но што не ми се допаѓа од животот тука?“ Елби Хеншо од Велика Британија открива дека луксузниот град не е само забава и г...
Инфекција на градите, нос со некроза: Морничавата вистина зад „живите барбики“ Инфекции по лошо изведени операции, отоци поради филери во непроверени клиники –...
„Лицето ми се деформира од паразит – си ги потрошив сите пари за да најдам лек, ми се уништи животот... Американска ријалити ѕвезда вели дека „закачила“ паразит во Мароко што ѝ го дефо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg