„Сигурен си дека е твоја девојка, не нечија туѓа?“ – Крис Мартин од Coldplay се шегува со дечко кој запроси на концерт (видео)

„Брату, морам да направам проверка... Дали сте братучеди или нешто чудно? Дали си сигурен дека ова е твоја партнерка, а не на некој друг?“ – хит реакција на пејачот од Coldplay за дечко кој ја запроси девојката на нивниот концерт, откако неодамна љубовниците кои беа уловени на камера направија дебакл.

siguren-si-deka-e-tvoja-devojka-ne-nechija-druga-kris-martin-od-coldplay-se-sheguva-so-dechko-koj-zaprosi-na-koncert-video-01.jpg

Тешко дека некој ќе го заборави виралниот момент, кога љубовници од иста фирма беа уловени на Kiss камерата на концерт на Coldplay.

Иако од бендот не се огласија официјално по скандалот, неодамна фронтменот Крис Мартин шеговито и суптилно ја посочи ситуацијата.

Прочитајте повеќе: Крис Мартин од Coldplay се обрати на фан за скандалот со љубовниците: „Фала што дојде пак по дебаклот во Бостон“ (видео)

siguren-si-deka-e-tvoja-devojka-ne-nechija-druga-kris-martin-od-coldplay-se-sheguva-so-dechko-koj-zaprosi-na-koncert-video-04.jpg

Сега, на 24 август, на концертот на Вембли стадионот, тој повторно се пошегува на сметка на парот на кој случајно му беше разоткриена афера.

За време на нивниот настап, обожавател од публиката сакаше да ја запроси својата девојка, а во раката држеше натпис: „Сакам да ја запросам“, што беше прикажан на камерата.

siguren-si-deka-e-tvoja-devojka-ne-nechija-druga-kris-martin-od-coldplay-se-sheguva-so-dechko-koj-zaprosi-na-koncert-video-01-05.jpg

Пред да му „дозволи“ да ја побара за сопруга партнерката, Крис прво шеговито направи проверка со неколку прашања.

„Добро, брату мој, слушај сега... Треба да кимнуваш со глава, бидејќи ќе ти поставам неколку прашања за безбедносна проверка... ок?

Дали е оваа личност твоја партнерка? Да? Не е нечија туѓа партнерка? Ок. Дали сте братучеди, или брат и сестра, или нешто такво чудно? Дали сте вештачка интелигенција? Дали сте вистински луѓе? Ок, сега слушај...

Мој прекрасен брате, еве еден совет, додека сите гледаме, те советувам да клекнеш на едно колено“ – му отпеа на крај тој, по што дечкото ја запроси саканата, а тоа го проследи публиката која им аплаудираше.

siguren-si-deka-e-tvoja-devojka-ne-nechija-druga-kris-martin-od-coldplay-se-sheguva-so-dechko-koj-zaprosi-na-koncert-video-01_1.jpg

Погледнете го видеото:

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
„Сакај повторно“ - Дечко ѝ оставил потресно писмо на саканата откако се самоубил - со години му била... „Кога првпат го прочитав писмото, си помислив: ‘Што по ѓаволите е ова?’. На поче...
Крис Мартин од Coldplay се обрати на фан за скандалот со љубовниците: „Фала што дојде пак по дебакло... „Ти беше и на концертот во Бостон... Фала што дојде пак по дебаклот што се случи...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Љубовта на норвешкиот фудбалер Халанд - на девојката фудбалерка ѝ купи чанта од 380.000 евра, растел... Тие се моќно модно дуо, а нивната љубовна приказна е уникатна – се познаваат од ...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...

Најчитани неделава