Имал шизофренија, мајка му молела да го сместат во институција: Кој е мажот што ладнокрвно уби девојка во воз во САД?

Кон крајот на минатиот месец, млада Украинка беше ладнокрвно убиена во воз во САД. Јавноста дозна за трагедијата откако почнаа да се споделуваат безбедносните снимки од возот. Убиецот имал шизофренија, бил апсен 14 пати и поминал неколку години во затвор, но сега бил на слобода.

imal-shizofrenija-roditelite-molele-da-go-smestat-vo-institucija-koj-e-mazhot-shto-ladnokrvno-ubi-devojka-vo-voz-vo-sad01.jpg

Убиството на Украинката од 22-ри август ја потресе јавноста и разгоре многу дебати за безбедноста во САД.

Младата девојка која побегнала во САД поради војната во Украина, беше свирепо убиена во јавен превоз, од страна на маж кој неколкупати бил апсен, но ослободуван.

23-годишната Ирина Зарутска побегнала од засолниште во Украина, а неодамна со нејзиниот партнер се преселила во Северна Каролина САД.

Била вработена во локална пицерија и кога била нападната, всушност си одела од работа.

imal-shizofrenija-roditelite-molele-da-go-smestat-vo-institucija-koj-e-mazhot-shto-ladnokrvno-ubi-devojka-vo-voz-vo-sad-09.JPG

Од потресните безбедносни снимки од возот се гледа како напаѓачот – Декарлос Браун Џуниор – седи зад неа, па одеднаш вади нож и ја боде неколкупати.

Додека девојката исплашено и збунето гледа наоколу, напаѓачот само станува од седиштето и почнува да се движи низ возот.

Во вагонот има и други патници, но никој не ѝ пружи прва помош и, за жал, Ирина го губи својот живот.

imal-shizofrenija-roditelite-molele-da-go-smestat-vo-institucija-koj-e-mazhot-shto-ladnokrvno-ubi-devojka-vo-voz-vo-sad-11.JPG

Јавноста е згрозена од настанот, а кога се дозна за досието на убиецот, многу Американци почнаа да зборуваат за пропустите во правниот систем на САД кои довеле до трагедијата.

Моментално убиецот е зад решетки, а во меѓувреме се огласија неговата мајка и сестра кои велат дека имал сериозни проблеми со менталното здравје.

imal-shizofrenija-roditelite-molele-da-go-smestat-vo-institucija-koj-e-mazhot-shto-ladnokrvno-ubi-devojka-vo-voz-vo-sad-06.JPG

Што знаеме за убиецот?

Трејси Браун е помладата сестра на убиецот Декарлос, која вели дека и самата бил нападната од него во 2022 година.

За време на тој инцидент, тој ја гризнал и скршил врата во нивниот дом, а повикала и полиција.

За The Post, Трејси вели дека брат ѝ бил параноичен шизофреничар, а многупати ѝ кажувал дека властите му вградиле чип.

Иако е јасно дека претставувал опасност за другите и за себе ако е на слобода, таа вели дека не очекувала да изврши убиство. Но, не го оспорува фактот дека треба да биде во институција.

„Кога го изгледав видеото, знаев дека стигнал до некоја критична точка. Девојката не го заслужи она што ѝ се случи. Пробував да сфатам зошто би го направил ова“.

imal-shizofrenija-roditelite-molele-da-go-smestat-vo-institucija-koj-e-mazhot-shto-ladnokrvno-ubi-devojka-vo-voz-vo-sad-10.JPG

Околу шест дена по убиството, кога Декарлос веќе бил зад решетки, Трејси се слушнала со него по телефон и тој ѝ рекол дека имал „материја во телото“ што го натерала да ја убие Ирина.

Трејси открива и дека со мајка ѝ го посетиле во затворот, но тогаш почнал да им се заканува и да ги обвинува дека правеле заговор против него.

„Само сакав да знам зошто токму неа, бидејќи тој бил во возот пред да влезе девојката. Кога го прашав ми рече и дека му ги читала мислите“, раскажува Трејси.

imal-shizofrenija-roditelite-molele-da-go-smestat-vo-institucija-koj-e-mazhot-shto-ladnokrvno-ubi-devojka-vo-voz-vo-sad-03.JPG

Сестра му додава и дека пробувала да го смести во ментална установа, но бидејќи не е негов легален старател, немала право на тоа. Кога ќе го однесела, го пуштале по 24 часа.

До 2020 година, брат ѝ бил во затвор за вооружен грабеж, а неговото однесување почнало да се влошува кога излегол на слобода.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...

Најчитани неделава